еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Полска вечер на „МакеДокс“

Со перформансот „Скопје-Варшава… со љубов виа Малух“ според концептот на Владан Царичиќ – Цар во реализација на балерината Ивана Коцевска заедно со двете генерации „докуникулци“ на „МакеДокс“ на 17 август во Куршумли-ан, со филмот „Над возможното“ (Полска, Германија, Финска) на Марта Прус, беше отворена програмата на земјата во фокус – Полска.

„Пегличката“ (Фиат 126, или Малух), која годинава е еден од заштитните знаци на „МакеДокс“, веќе е претставена пред публиката и отворена за пиктографски пораки кои со љубов и пријателство ќе бидат испратени во Варшава, Полска.

По завршената мисија, „Пегличката“ ќе му биде подарена на Музејот на современата уметност во Скопје, кој е изграден по проект на полски архитекти и претставува најмаркантен знак на полско-македонското пријателство.

Веднаш по проекцијата на филмот „Над возможното“, режисерката Марта Прус одговараше на прашања од публиката, а меѓу другото објасни дека правејќи филм за врвната руска гимнастичарка Маргарита Мамун не сакала „да прикаже спортист кој стигнува до врвот на кариерата со победа на Олимпијада, туку човек со емоции“.

„Победата е кратка, но патот до неа е долг“, нагласи Прус, која ќе учествува и на разговорите „Под смоквата“ на 18 август, во 18 часот.Почетокот на програмата на замјата во фокус – Полска предизвика голема побарувачка за билети и создаде долга редица пред Куршумли-ан, а мал дел од публиката беше пренасочуван кон проекциите на следните филмови од програмата на „МакеДокс 9“.

Голем интерес предизвикаа и полските филмови „Сестри“ (Полска, 2017, 20 мин.) на Михал Хитрош и „Опера за Полска“ (Полска, 2017, 41 мин.) на минатогодишниот добитник на наградата „Кромид“ на „МакеДокс“ за филмот „21хЊујорк“ – Пјотр Стасик.

На втората вечер на „МакеДос 9“ беа прикажани и филмовите „Земја на жени“ на Алијаксеј Палујан, „Кога свињите доаѓаат“ на Билјана Тудоров, „Помеѓу кадри“ на Алексеј Дмитриев и „Пофалба на ништото“ на Борис Митиќ. Тудорова, Дмитриев и Митиќ, исто така, ќе учествуваат на разговорот „Под смоквата“ на 18 август.

На 18 август, со заедничкиот пикник со „Синестетика“, на кој млади уметници ќе ги продаваат своите ракотворби, ќе почне Студентската програма, додека во ноќните часови, по завршувањето на проекциите на филмовите, во Куршумли-ан концерт ќе одржат „Well Known Dogs“, бенд во кој членуваат Јордан Костов на хармоника, Фенг Хао на тапани и Иван Бејков на бас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ротари клубот „Кочани – Виница“ донираше нови кревети за локалните болници во вредност од над 100.000 евра

Редакција

(Галерија) Adventure Macedonia и Мтел авантура низ Македонија – пејзажи кои го одземаат здивот и одлична телевизија каде и да сте

Редакција

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

Редакција