еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

(Фото) Последен Инфо ден од втората сесија за ИПАРД Програмата 2014-2020

Во Кратово заврши последниот Инфо ден од втората сесија на Инфо денови организирани во склоп на Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020. Ова беше 20-от Инфо ден каде претставници од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираа заинтересираните за сите детали поврзани со ИПАРД 2014-2020, посебно за мерка 3 „Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи“ и мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.

До денешниот ден, во склоп на втората сесија, се имаат одржано 20 Инфо денови на 20 различни локации опфаќајќи голем дел од државата.

Најголемиот фокус беше на мерка 7 затоа што повикот за истата е сѐ уште отворен и ќе трае до 18-ти ноември 2019 година со можност за продолжување.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на државата.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува точно 16.569.471,00 евра или во денарска противвредност 1.018.926.365,00 денари.

Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План / Технички Предлог Проект и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на АФПЗРР: www.ipardpa.gov.mk.

Во текот на овој месец се очекува објава на нов повик за кој ќе бидат објавени дополнителни детали.

Ангажманот и трудот на ескпертите и сите други вклучени во информирање и поддршка на граѓаните заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2014-2020 Програмата помогнаа во тоа државата да е во петте водечки земји во црпење на тие средства.

Сите информации и детали може да се најдат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, ipardpa.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Урсула фон дер Лајен избрана за претседателка на Европската комисија

Редакција

Набргу ќе биде готова новата методологија за преговори со ЕУ

Редакција

Стејт Департмент: За евентуално одвојување на стартот на преговорите со Македонија и Албанија решава ЕУ

Редакција