еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Површините на Меѓународниот аеродром Скопје се дезинфицираат три пати дневно

ТАВ Македонија како аеродромски оператор ги следи и почитува сите мерки на Владата воведени досега за превенција и спречување на ширењето на корона вирусот и ќе продолжи да ги следи сите владини одлуки и препораки, информираат од таму.

„Согласно тие мерки, но и согласно нашите корпоративни практики за здравје и заштита при работа, од почетокот на оваа ситуација постојано преземаме мерки за зголемување на хигиената на Меѓународниот Аеродром Скопје, како за патниците, така и за нашите вработени.

Површините на аеродромот се дезинфицираат три пати дневно, со соодветни средства за дезинфекција, додека пунктовите каде што најмногу се задржуваат патниците, како што се шалтерите за пријавување и безбедносната контрола, исто така се дезинфицираат три пати дневно, со соодветни средства за таа намена.

Дополнително, поставени се средства за дезинфекција на рацете за патниците на неколку клучни точки: кај шалтерите за регистрација, кај пунктот за безбедносна контрола (при излез од државата, веднаш после Пасошката контрола), како и во делот “Пристигнувања“ (при влез во државата, во близина на Пасошката контрола),“ се вели во соопштението на ТАВ.

Покрај овие мерки, од таму ги замолуваат сите патници да одржуваат највисоко ниво на лична хигиена и да не создаваат непотребен метеж, држејќи ја препорачаната дистанца едни од други која што важи за затворените простории, согласно мерките на Владата.

Како потсетување – тоалетите, каде што патниците можат да ги измијат рацете со сапун, се лоцирани на повеќе места во Аеродромот:

– Во салата во терминалната зграда, на Пристигнување и Заминување.

– При излез од државата, после Пасошка контрола, во близина на Портите (гејтови).

– При влез во државата, после Пасошката контрола, во делот каде што се чека багажот.

„Ја разбираме чувствителноста на оваа тема и поради тоа ТАВ Македонија им стои на располагање на сите патници во врска со било какви прашања. Од 8 до 16 часот, во работни денови, можете да нè контактирате на мејлот: [email protected], како и во пораки на нашата Фејсбук страница, додека во секое време можете да се јавите на Шалтерот за информации кој работи 24/7, на телефонскиот број + 389 2 3148 333“ се додава во соопштението.

Во врска со летовите, како што веќе апелираа минатата недела, имајќи предвид што ситуацијата со корона вирусот се менува од ден на ден, следете ги последните објави за вашите летови на веб-страниците на авиокомпаниите и да ги контактирате нивните оддели за клиенти:

За Swiss Airlines, ОВДЕ.

За Qatar Airways, ОВДЕ

За Pegasus Airlines, ОВДЕ.

За Fly Dubai, ОВДЕ.

За Edelweiss, ОВДЕ.

За Austrian Airlines, ОВДЕ.

За LOT, ОВДЕ.

За Croatia, ОВДЕ.

За AirSerbia, ОВДЕ.

За Wizz Air, ОВДЕ

За Turkish Airlines, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мазутот поевтинува за денар, останатите горива со исти цени

Редакција

На двата аеродрома за 9 месеци 1,8 милиони патници, повеќе од половина патувале со „Визер“

Редакција

Мери Забазноска отповикана од Управниот одбор на „Макпетрол“

Редакција