Спорт М го најавува отворањето на новите брендови во Ист Гејт Мол „Аdidas“, „Intersport“ и „The Athlete’s Foot”.
Ивана Илиоска од Спорт М официјално ги предаде нацртите за трите продавници на лизинг тимот на Ист Гејт Мол.
„Спортскиот оддел во Ист Гејт Мол ќе биде импресивен и ќе биде омилено место за шопинг, забава и разонода за сите посетители.
Ист Гејт Мол е вистинско место за нашите три нови продавници кои ќе бидат уредени според најсовремен идеен концепт кој ќе се изведува во претстојните 5 месеци,” изјави Илиоска.
The Athlete’s Foot доаѓа за прв пат во Македонија преку Ист Гејт Мол и ќе претставува големо освежување за љубителите на спортот.
Светски реномираниот The Athlete’s Foot припаѓа на групацијата Интерспорт и нуди различни спортски брендови, чии модели се ретки, во лимитирани колекции и не можат да се најдат на вообичаените излози.
Анатомски линии, врвен дизајн, како и иновативни парчиња промовирани од најдобрите имиња во спортот, се главните конкурентски предности на The Athlete’s Foot.
Aдидас е дедицирана монобренд продавница која се простира на 360 м2 и ќе биде новиот дом на последните автентични колекции на спортската марка Адидас.
Најголемиот Интерспорт се отвора за прв пат во рамки на трговски центар во Македонија на површина од 1.100 м2, како мултибренд продавница која нуди огромна палета на производи за секој спорт и присуство на голем број истакнати брендови во сите категории.
„Спортскиот оддел во Ист Гејт Мол се простира на површина од 3.600 метри квадратни, со што преставува најголема спортска понуда во регионот.
Спорт М носи атрактивни трговски марки кои љубителите на спортот ги очекуваат со големо задоволство,“ изјави Наташа Апостолов, лизинг-менаџер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ