еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Новиот пратеник на СДСМ, Филиповски во најприродно издание: Коњите на Галичник му се голема љубов

Новиот пратеник на СДСМ, Александар Филиповски кој дојде на местото на Павле Богоевски е голем љубител на коњи. Во неговиот Галичник, од каде што потекнува, има коњички клуб „Шерпа хорс рајдинг“ (Sherpa Horse Riding), кој функционира веќе девет години.

Тој беше еден од оние кои на странците и на нас ни посака добредојде во рамките на проектот на УСАИД за претставување на Галичник и Меденица во рамките на „Виа Динарика“ на 15 јуни.

Интервјуто го правевме во автентичен амбиент, каде што Филиповски се чувствува најубаво.

„Во принцип водев приватен бизнис, имам приватна фирма во Скопје со 70 вработени, но таму е толку поставена работата што имав премногу слободно време да функционирам. Моите и родителите на партнерот во бизнискот Васко се по потекло од Галичник. Многупати во разговор со него сме кажале дека ако селото функционирало пред повеќе од 80 години, кога немало инфраструктура, тогаш ако  го направиме како што треба, нема простор да не успее“, вели Филиповски за еМагазин.

На прашањето како ќе ги усогласува обврските во Галичник со обврските во Парламентот, Филиповски вели дека за работата во Галичник, повеќе ќе биде ангажиран Васко.

„Но ќе видиме, премногу ми е ново, и брзо ми дојде пратеничката функција. Функционирав во Скопје, и во Галичник. Но секој викенд од четврток до понеделник сум тука. За летен одмор ако отидам малку на море, но во принцип тука сум“, додава Филиповски.

Според него Галичник е најубавото место на светот, селото заживува во летниот период и во јули и август 300 коли влегуваат за викенд.

„Овде ми е најубавото место на светот, од мал доаѓам тука. Прво природата, а и коњите се нешто посебно. Премногу историја има селото, премногу раскажувања од страна на бабите, дедовците, роднините. Тоа и ме поттикна да почнам бизнис овде.

Галичник сепак е едно од најпознатите села во Македонија за производство на сирење и кашкавал. Кога ќе ги видите куќите, тие покажуваат дека било премногу богато село. Во историјата само еднаш влегле арамии, толку биле еснафи луѓе што плаќале куќите да се чуваат. 80 отсто од селото биле печалбари“, објаснува Филиповски.

Тој е 15 години организатор на Галичка свадба и за годинешната се очекуваат помеѓу седум и девет илјади гости.

„Историјата и претставувањето на обичаите на македонскиот народ се гледаат овде два дена. Сериозен проблем е што нема доволно сместувачки капацитети. Нареден проект како коњички клуб е да изградиме сместувачки капацитет, барем за еден автобус. Тоа ќе го направиме овде“, вели Филиповски.

Со турите кои почнале да ги организираат во мај, до сега имале преку 250 јавања од кои имаат уште 10 тури кои траат по шест дена.

„Мијак треил е големата тура која ја покажуваме историјата и патиштата како Мијаците функционирале од село до село. На нашите тури ги запознаваме странците со молзење на овци, правење на сирење, кашкавал. Освен сместувачки капацитети ги имаме сите услови да напредуваме. За викенд од сега до септември за 75 отсто сме фул. Од пред девет години до сега, бројот на туристи е зголемен за 1.000 отсто“, додава тој.

Како почнала приказната со коњичкиот клуб?

Првиот коњ Филиповски го имал пред 19 години. И од тогаш таа љубов само нараснувала.

„Кога стигнав до некои четири коњи, сите мои познаниници од Скопје секое доаѓање во Маврово, Галичник, нив ги асоцираше на коњи. Сите почнаа да изразуваат интерес да се качат на коњ, да се сликаат. Тој обем на луѓе секоја година се зголемуваше. Кога со Васко дојдовме до сознанието дека е голем интересот на луѓето за коњите, почнавме со бизнис.

Пред девет години купивме девет коњи, опрема и стартувавме. Како почнавме, секоја година надополнувавме по два-три коњи и сега во моментов имаме 32 коња. Се стремиме до 50 коња, па таму ќе застанеме“, вели Филиповски.

Коњите, според него, бараат инвестиција.

„Повеќето од коњите се ридско брдски, класичен стил на македонски коњи. Тие чинат од 1.000 до 1.500 евра. Последните три години има чистокрвни египетски арабери што е стопостотен чистокрвен пастув каде што го оплодуваме со нашите кобили за да направиме нов вид на коњ, кој ќе има издржливост.

Пастувите се купени од Германија. Има коњи кои вредат 100, 200, милиони евра, но не можат да опстанат на овој терен. Прво не можат да го фатат ритамот на јавање на овој карпест предел така што пробуваме да направиме варијанта од ридско-брзи коњи, а да ја земеме темпераментната крв на араберите со нивната сила“, додава Филиповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Имаат туристи за јавање на коњи на Галичник, нема превоз како да ги донесат до таму

Најубавото од Галичник: Што е тајната на вкусот на галичкото сирење

(Галерија) Промоција на Галичник и Меденица како дел од Виа Динарика: Приказна која мора паметно да му ја раскажеме на светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦГК: Општинските тендери лани скокнаа за една третина, „ЈУ-БАЈ“ и „Пуцко петрол“ меѓу „рекордерите“

Редакција

Димитров: Крајно време е ЕУ да го исполни ветувањето кон Македонија

Редакција

Нова реалност: Нема да има странски навивачи на Олимписките игри во Токио

Редакција