еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Фото) Прекрасна забава и нови рекорди на „Виз Ер Скопски маратон“

„Виз Ер Скопски маратон“ ја покажа својата грандиозност. Околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави го прославија 15. јубилеј излегувајќи на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон “ЕУ за спорт“ и трката на 5 километри.

Тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје, беше целосно подготвен и ги исполни потребите и барањата на рекордниот број на пријавени.

Маратонската трка од 42км беше исцрпувачка и истата секогаш претставува вистински тест за човечкиот карактер.

Првото место на маратонот во машка конкуренција го освои Чалачју Асмама Тируне со 02:15:37, второто Вилфред Кипчирчир Корир со 02:16:54 и третото во машка категорија му припадна на Гетаје Фисеха Гела со време од 02:19:32.

Први три во женска конкуренција беа Јунис Њавира Мучири со 02:33:38, Јулитер Јепчирчир Тануи со 02:35:32 и Наоми Какоко Лимамуреи со 02:38:32.

Кај домашните натпреварувачи на маратонот од машките првите три беа Александар Кираџиев со 02:37:41, Марјан Бонев со 02:43:38 и Кокан Ајановски со време од 02:49:54, а од женските Адријана Поп Арсова со 02:52:52, Билјана Кираџиева со 02:58:15 и Катерина Шиповиќ со 03:20:30.

Одличен резултат е тоа што тие успеаја да ја поминат границата од 3 часа што е одличен показател дека со помош на Виз Ер Скопски маратон атлетиката и спортот се надградува и расте во нагорна линија.

Воедно, урнат е рекордот кај женските македонски натпреварувачки со 02:52:52.

Илјадниците тркачи се натпреваруваа да ги надминат сопствените граници. Победник на полумаратонот беше Дарио Ивановски со 01:12:31, Кристијан Стошиќ заврши втор со 01:12:56 и трет беше Милош Ранчиќ со 01:13:19. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Зита Кацсер со 01:22:53, Милјана Ристиќ со 01:27:09 и Емилиа Тодоровска Елиас со 01:27:25.

Во полумаратонската трка од домашните натпреварувачи во машка категорија прв заврши Дарио Ивановски со 01:12:31, втор заврши Милош Ранчиќ со 01:13:19 и трет бешe Атанас Анчевски со 01:13:59.

Од женската категорија од домашни натпреварувачи прва беше Милјана Ристиќ со 01:27:09, втора заврши Благица Јованова со 01:31:15 и трета беше Виолета Ивановиќ со 01:35:00.

Трката на 5 километри беше најмасовна и за неа се пријавија околу 9.500 учесници, од кои најмногу беа жени. Оваа година, за прв пат на трката од 5 км беа пријавени повеќе жени од мажи. Во оваа голема конкуренција први од машките беа Леонид Вандевски, Павле Јовановски, Пепи Анакијев, а од женските Марија Стојановска, Ања Еклер, Ирма Хајдари.

Секој учесник и заинтересиран може да ги провери резултатите на следниот линк: skopskimaraton.com.mk како и да ја симне мобилната апликација на play.google.com.

Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „трка“ во коментари: „Повеќе луѓе искочија на скопски маратон отколку на гласање на претседателски избори“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието усвои Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Редакција

Косовските власти дозволија посета на српскиот патријарх Порфириј

Редакција

Во Македонија вкупно 498 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција