еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Премиерот Зоран Заев со мотор на ѓомлезе и дружење на „Дупени бич“ во Преспа

Убеден сум дека ќе го привлечеме вниманието на сите граѓани од Северна Македонија, да го користат целиот летен период за да го посетат Преспанското Езеро и да ги видат убавините, порача премиерот Зоран Заев на дводневниот настан „Запознај ја Преспа”.

Истакна оти се надева дека со  настанот „Meet Prespa”, што се одржува викендов во Преспа, се започнува една убава традиција што ќе го одбележи пријателство, меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција, посебно преку импликација на дружење со  младите.

„Младите кои се тука од нашата земја, Албанија и Грција се навистина одличен пример на соработка, на иднина, на перспективи. Верувам дека овој туристички потенцијал заедно со моментумот на политичкиот договор што значи прогресивност и иднина, ќе одбележи една одлична можност ем на дружење, ем на креативност и на развој на туризмот на ова прекрасно место“, истакна Заев.

Во рамки на дводневниот настан „Запознај ја Преспа” на Дупени бич денеска се одржува и дегустација на традиционална храна каде присутните имаат можност да ги вкусат највкусните традиционални специјалитети како ѓомлезе, аршлама, разни зелници, петулици, циронки, белвици, штрудла со домашни овошја…

Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаровски истакна дека денеска се спроведува прекрасна презентација и дегустација на многу продукти од Преспа. Наведе дека во рамки на настанот се спроведуваат повеќе младински активности, меѓу кои и акција за чистење во Отешево.

МИА/Фото:Фејсбук/Зоран Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вози Мерцедес Бенз, а со сопругата има 4 стана: Каков имот пријавил судијата Јово Вангеловски

Редакција

Компаниите бараат субвенции за да ги задржат вработените и да останат конкурентни на пазарите

Редакција

Тетовец нашол торбичка со пари и документи, ја предал на полицијата, која за брзо време го нашла сопственикот

Редакција