еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Претседателот прав домаќин: Пендаровски со сопругата ги прошетаа амбасадорката на САД, Кејт Брнс и нејзиниот сопруг во Галичник

Претседателот Стево Пендаровски заедно со својата сопруга Елизабета денеска ги прошетаа американската амбасадорка Кејт Брнс и нејзиниот сопруг Скот во едно од најубавите македонски села – Галичник.

„Заедно со Бети денеска во Галичник им бевме домаќини на американската амбасадорка Кејт Брнс и нејзиниот сопруг Скот. Наместо зборови повелете повеќе фотографии кои ја пренесуваат убавината, историјата и културното значење на регионот за нашата Северна Македонија“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Тие им ги покажаа традиционалните галички куќи, надалеку прочуениот галички кашкавал, како и уникатната природа во овој крај.

„Традицијата е болка и радост, пред мене ја гледам носијата на Ѓорѓија Пулески во која е вткаен кодот на нашата културна историја“, напиша Пендаровски под постот на оваа фотографија.

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катастрофалните здравствени трошоци остануваат предизвик за Македонија, велат од СЗО

Редакција

Ќе може да се гласа и со истечени лични документи

Редакција

29 од новопочинатите од Ковид-19 со претходни заболувања, 1 лице починало надвор од болница

Редакција