еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

(Фото) Прибе: Вратата за НАТО Ви е отворена, членството во ЕУ ќе биде подолго и поболно

На германскиот експерт Рајхард Прибе, денеска на Универзитетот ФОН на свечена академија му беше доделена титулата Profesor Honoris Causa, почесна титула која се доделува како признание за компетентност и исклучиви дострели на домашни и меѓународни личности во главните домени на човечката активност како што се науката и литературата, културата и општествените дејности, политиката, правото и економијата, администрацијата, финансиите, архитектурата, информатиката, уметноста, спортот…

Тој во своето обраќање го поздрави Договорот со Грција, напоменувајќи дека ги отвори вратите за членството на Македонија во НАТО, но рече и дека се плаши дека членството во ЕУ ќе биде подолго и поболно.

Напомена дека постои свест дека има значителни недостатоци на владеењето на правото и функционирањето на демократските институции, што како што рече се главните прашања, кои го засегнаат Брисел и сите земји членки.

“ЕУ не е рај на земјата и Унијата без сомнение се соочува со тешки моменти“, рече Прибе, додавајќи дека Брегзит покажал дека напуштањето на Унијата е исто толку комплицирано како и влезот.

„Унија се соочува во своите кризи – разликите меѓу земјите-членки за мигрантската криза, а во некои земји-членки се нотирани сериозни проблеми во однос на владеењето на правото и демократските стандарди, но и борбата против корупцијата“, рече Прибе.

Меѓу присутните на денешната свеченост беше и специјалната обвинителка Фатиме Фетаи и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Фото: Фејсбук/Цаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири сценарија по отфрлањето на Договорот за Брегзит

Редакција

Злоупотребите на визната либерализација повторно на маса пред министрите на ЕУ

Редакција

ЕУ и официјално известена за промена на името

Редакција