еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Приведени двајца дилери на дрога: Пронајдени хероин, марихуана, кокаин, хашиш, екстази…

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија  ги лиши од слобода М.М. (26) и Ф.Ј. (20) од Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидени и казниви по член 396 и 215 од КЗ на РМ.

По издадени наредби од Основен Суд Скопје 1 Скопје беа извршени претреси во домовите на М.М. и Ф.Ј. на ул Бутелски венец во Скопје.

При претресот кај М.М., пронајдени се околу 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици.

Вториот претрес е извршен кај лицето Ф.Ј. при што кај истиот е пронајден еден пушко – митролез и марихуана.

По целосно документирање, против М.М. и Ф.Ј.  ќе биде поднесени соодветни пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возило со српски регистарски таблички излетало пред граничниот премин Богородица, повредени две деца и жена

Редакција

„МојДДВ“: Богдановиќ пазаруваше во „Веро 2“ и ги скенираше фискалните сметки

Редакција

(Видео) Од една фамилија во „Комунална хигиена“ биле вработени над 40, а од друга над 30 лица, откри Арсовска

Редакција