еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Пробно возење на новите еко-автобуси кои неодамна пристигнаа во Скопје.

Новите еко-автобуси на ЈСП „Скопје“ почнаа со пробно возење низ улиците на Скопје и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт.

Во тек е обуката на возачите, која ќе трае и за време на карантинскиот викенд, односно по пет возачи дневно ќе ги возат автобусите низ градот. До недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период.

Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, десет единечни и три зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси, два зглобни и еден единечен. Единечните автобуси се со капацитет за 81 патник, а зглобните за 149 патници.

Набавката на новите еко автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Палењето на дивите депонии во околината на Скопје го загадува воздухот во градот

Редакција

(Фото) Граѓаните се однесуваат како „стока“: Рајскиот парк во Аеродром претворен во пекол

Редакција

Во Македонија се рециклира помалку од 1% од собраниот пластичен отпад

Редакција