еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Промоција на врвни македонски вина во САД

Здружението „Вина од Македонија“, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, продолжува со промоција на македонското вино во светот.

Минатата недела беа одржани промоции во Чикаго и Њујорк, во Соединетите Американски Држави.

На овие престижни настани оваа година учествуваа шест македонски винарници. Тие се организираат во рамки на платформата „World’s Leading Wines“ („Водечки вина во светот“), во која учествуваат селектирани винарници од целиот свет.

Во потрага по зголемување на уделот на пазарот, барање нови бизнис партнери и соработка за извоз на македонското вино, нашите винарници заеднички ги презентираа македонските вина, рамо до рамо со винариите од светски познатите вински региони.

Големата посетеност и интересот што го покажаа американските познавачи за македонските вина, влеваат дополнителен оптимизам дека овие промотивни настани ќе резултираат со склучување нови извозни зделки за македонските винарници, а истовремено придонесуваат и за зголемена видливост и унапредување на имиџот на земјата, како производител на автентични, префинети вина со висок квалитет.

Промоциите на македонските вина во САД кои преку здружението „Вина од Македонија“ во континуитет се организираат во последните седум години се од особено значење за градење на препознатливност на македонските вина во САД, а со тоа обезбедување на влез и поголем удел на овој пазар.

Пазарот на САД е најголем увозник на интернационални вина кој опфаќа 18% од вкупниот увоз на вина во светот, со вредност од 6.2 милјарди американски долари, со што е оценет и како еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино.

Според податоците за извоз, во 2018-та година се извезени 220.000 шишиња македонско вино на овој пазар, при што е остварен вкупен девизен прилив од 610.000 американски долари.

Организацијата на ваквите промотивни настани е поддржана од ресорното министерство.

Од „Вина од Македонија“ се надеваат дека ваквиот вид поддршка ќе продоложи и дополнително ќе се продлабочува со цел промоцијата на македонското вино во странство да биде уште поуспешна и поагресивна, што ќе резултира со зголемување на извозот на овој наш стратешки производ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница УСЈЕ добитник на наградата Компанија предводник на целите за одржлив развој 2019

Редакција

Стипендии за HR Академијата на Clear View Бизнис Трениг Центар

Редакција

(Видео) 30 години успешна приказна на Центро Унион и Favorit

Редакција