еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Рајот во Брвеница: Ресторан „Бакал“ за врвно гастрономско уживање

Во последните неколку години подготовката на вкусна традиционална храна и десерти во земјава се издигна на високо ниво, а Македонија стана една од најпосакуваните дестинации на сите гурмани од Балканот. Една од причините за тоа е врвната гастрономска понуда  во ресторанот „Бакал“ во с. Брвеница кој нуди врвно уживање за сите сладокусци.

Храната е во срцето на секојдневниот живот на луѓето, која денес не фасцинира повеќе од било кога. Посебно кога е подготвена со гастрономско искуство и фантазија, од најдобрите состојки, и кога е свежа и убаво сервирана како во ресторан Бакал.

Во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras, magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто.

Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива.

Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка меленана камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

А кога добрата храна подготвена од врвните кулинарски мајстори е комбинирана со одличен амбиент, задоволството и среќата доживуваат кулминација, што е дефинитивно причина за да се упатите кон „Бакал“ во најскоро можно време.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нуркачи го бараат 30-годишниот маж, кој исчезна во браната Глажња

Редакција

Опасниот отпад во Орман бил донесен од Пробиштип

Редакција

Господа министри, проблемот е што прогресивниот данок нема да ги „чепне“ најбогатите

Редакција