еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Ресторан „Кораб Трница“: Со Трничка салата ќе ја вкусите сласта на корапските пасишта

Ресторан „Кораб Трница“ е едно од оние попатни места кога се патува накај Дебар, но веќе станува и „must have“ дестинација, кога сте и на Маврово.

На зима, амбиентот е навистина топол, бидејќи внатрешноста е направена од дрво, а има и камин. Додека пак во топлите денови, терасата надвор е опкружена со прекрасна природа, бидејќи се наоѓа во еден од најубавите предели кои ги имаме.

Одлично место за бегство од топлините, бидејќи има река, опкружена е со планини и бескрајни зелени ливади. Мириса на свеж планински воздух кој „сече“, а сето тоа зачинето со вкусна домашна храна.

Изборот на овчи и кравји сирења и млечни намази, се единствените од таков вид кои можат да се вкусат само таму. Инаку имаат и продавница „Кораб Трница“ спроти стариот трговски центар „Беверли“ во Скопје.

Домашната пита со различни вкусови, качамакот, некои стари традиционални јадења се исто така деликатеси по кои ова место е познато.

При консумирање, ја вкусувате сласта на корапските пасишта.

Местото едноставно треба да се види, а храната да се вкуси. Услугата им е подобрена, а персоналот љубезен и на располагање на гостите.

Топло препорачуваме!

ПС: Кога сте таму, не Ви паѓа на памет да ги земете телефоните во рака, бидејќи сте опкружени со бескрајна убавина, и затоа ги искористивме фотографиите од нивниот Фејсбук-профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил министерот за финансии, Фатмир Бесими

Редакција

И доментот vaksajns.mk води до сајот за вакцинација: Кој се мајтапи со Министерството за здравство и Заев

Редакција

Нови 81 случаи со Ковид-19, оздравени 77 лица, нема починати

Редакција