еМагазин
Image default
Убава приказна

(Фото) Росоманец ќе патентира машина за собирање и искористување на отпадот од лозјата

Росоманецот Гоце Јоновски е во фаза на патентирање на машина за собирање и искористување на отпадот од лозјата.

Како што информира тој за МИА, се работи за приклучна механизација за трактор, која ќе ги третира остатоците од лозовите прачки по кроењето на виновите лози. Ја нарекол дробилка со контејнер.

Нагласува дека таа, на своевиден начин, треба да ги култивира гранките од лозјата и овоштарниците во најголемиот регион за производство на грозје и праски во државата – Тиквешкиот.

– Машината има основна намена, собирање и дробење на гранките на мали фрагменти, собирање во контејнер што е дел од неа, по што се ставаат во приколка за транспорт. Материјалот, заради компактноста, е погоден за горење во индустриски и индивидуални печки, што работат на сличен принцип како и печките на пелети. Тој може да се доработува и да биде погоден во процесот на производство на пелети/брикети, појаснува Јоновски.

Најважно, според него, е дека ваквото третирање на остатоците од лозовите прачки ќе даде социјален ефект во процесот на собирање на отпадот. Смета дека ќе се олесни тој процес на третирање на остатоците во лозјата.

– Еколошкиот ефект е во можноста остатоците да не се горат бесцелно како сега. Па, наместо да загадуваат, да се третираат како енергенс или биомаса. Економскиот ефект, е во фактот што овој отпад може да се користи како биомаса или енергенс кој може да биде и замена за пелети, нагласува росоманецот кој е дипломиран машински инженер по професија.

Ваквата приклучна машина за која тој веќе има изработено прототип, би чинела до околу десет илјади евра.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првиот македонски крафт џин, освои два златни медали и се вброи во најдобрите шест во светот

Редакција

Сребро за македонското студио Omni Creative во Њујорк на MUSE Design Awards

Редакција

DHL во Македонија – 25 години лидер на пазарот на експресната достава на пратки и логистика

Редакција