еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Рудник САСА обезбеди новогодишен бонус за вработените, пакетчиња за сите деца, како и пакети за социјално ранливите категории граѓани

Рудникот САСА и оваа година обезбеди новогодишни подароци за различни групи на граѓани од општината Македонска Каменица и за сите свои вработени, информираат од компанијата.

„Покрај редовните настани што ги организира рудникот САСА во текот на целата година, на настаните во пресрет на новогодишните празници се обиде на социјално ранливите категории на граѓани да им овозможи да ја почувствуваат топлината и радоста, a најмалите да им овозможи дополнително да ја почувствуваат празничната магија вообичаени за овој период од годината“, велат од компанијата.

Имено, компанијата обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца од предучилишна и училишна возраст на територијата на општина Македонска Каменица. Пакетчиња добија и сите лица со посебни потреби во локалната заедница. За лицата и семејствата од социјално ранливите категории Рудник САСА обезбеди и подели специјални пакети со прехранбени продукти и продукти за домаќинство за да можат и тие да го почувствуваат духот на новогодишните празници.

“Исто така, покрај останатите традиционални новогодишни активности за сите вработените во Рудник САСА, компанијата и оваа година, покрај редовната плата, изврши исплата на новогодишна награда за 2019 година на сите вработени кои покажаа голема трудољубивост, енергија и посветеност во работата и со тоа придонесоа за успешните резултати на компанијата.

На новогодишната ноќ, претставници на менаџерскиот тим на Рудник САСА ги посетија членовите на дежурните тимови на брзата помош, противпожарната единица и полицијата, како и вработените во рудникот кои беа на работните места, на кои им ја честитаа Новата Година и им предадоа пригодни подароци“, велат од компанијата.

„Новогодишните празници се период на дарување и затоа ние во Рудник САСА сме особено среќни доколку со пакетите, подароците и пакетчиња успеавме да придонесе сите кои се дел од оваа заедница да ја почувствуваат топлината и радоста што ги носат овие празници. Рудник САСА отсекогаш бил неделив дел од оваа заедница и така ќе остане и во иднина“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре влезот во Музејот на современа уметност-Скопје ќе биде бесплатен

Редакција

Со Spinning® сесија и Slackline натпревар во одржување баланс викендов во спортска атмосфера се одржа HFWE #5  

Редакција

(Фото) Македонскиот BtoBet со две нови општествено одговорни акции

Редакција