еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Со „БМВ“ удрил во двајца полицајци на обиколницата кај Радишани

На 05.08.2019 околу 5 часот на обиколница во близина на клучка Радишани З.П. (30) од с. Одри, Тетово управувајќи возило „БМВ“ удрил во возило „Шкода јети“ и двајца полициски службеници, информира МВР.

Полициските службеници се здобиле со повреди и се пренесени во комплекс клиники Мајка Тереза, а возачот на БМВ во ГОБ Св. Наум Охридски. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.

„Министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на БЈБ Сашо Тасевски денеска во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ги посетија и им посакаа побрзо закрепнување на двајцата полициски службеници“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж пронајден мртов во неговиот дом во Кучевиште

Редакција

Скопје труе на чад од пожарот на Скопска Црна Гора

Редакција

Картичката „Скопска“ купена пред повеќе од четири години ќе мора да се замени со нова

Редакција