еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Сопругата на Пендаровски, Елизабета со елегантен изглед на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска остава впечаток на жена која се грижи за својот изглед.

Во секоја прилика изгледа елегантно и средено, со внимателно избрана гардероба која и прилега на карактерот.

Умерени и нежни тонови, проверена комбинација на бои. На синоќешното отворање на „Браќа Манаки“ таа беше една од најубаво облечените жени на црвениот тепих, со елегантен и ненападен изглед избирајќи долго црно здолниште и бела кошула со висока јака, која исто така беше во тон со аутфитот на претседателот. Креацијата која што таа ја носеше е на модната креаторка Тања Кокев.

Елизабета Пендаровска по професија е стоматолог и работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија.

Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски: ИФФК „Браќа Манаки“ репрезент на македонската филмската уметност во Европа и во Светот

(Фото) „Браќа Манаки“: Пендаровски со сопругата на средба со реномираниот американски кинематограф, Едвард Лакман и неговото семејство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ инсталираше нов врвен уред вреден 2,4 милиони евра за скенирање за системот за ракување со багаж на скопскиот аеродром

Редакција

„Ако може некој од вмровците да му пренесе на Груевски дека Македонци не се пишува со мала буква“: Твитер „прегреа„

Редакција

„БМЈ груп“, Меѓународен сојуз и „Томато продукција“ затаиле данок повеќе од 20 милиони денари

Редакција