еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Спасени три младенчиња волци

Здружение за заштита на животни „Анима Мунди“, со помош на Државниот инспекторат за ловство, спаси три младенчиња волци.

– Среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен до самиот крај и не зависи само од нас. Уште повеќе затоа што станува збор за животот на диви животни, кои во Македонија се третираат како закана, опасност, нешто што смее и се поттикнува да се убие, велат од „Анима Мунди“.

Од здружението изразија благодарност до инспекторите Зоран Вуиќ, Петар Џима и Ромео Саздановски од Државниот инспекторат за ловство, со чија помош биле спасени три младенчиња волци.

– Потврдуваме дека волчињата се на сигурно. Волкот е богатство на нашите шуми и планини, совршенство на природата, интелигентно, храбро, верно животно кое гради силни социјални врски (живот го минува најчесто во моногамна врска со еден партнер, се грижи и до две години за своите младенчиња) и не е никаков штетник.

Бараме итно да се укине таквиот срамен статус кој го има во Македонија, со кој како вид го доведовме до раб на истребување. Штетници не се волците туку оние кои ги гонат, деградираат нивните живеалишта, им упаѓаат во животната средина, велат од „Анима Мунди“.

Насловна фотографија: tellerreport.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зоки Поки“ ќе се гледа и во Србија на РТС

Редакција

(Фото) „Алкалоид“ ќе помага и на македонското таеквондо

Редакција

Денис Јанкуловски Космонаутко е помеѓу предложените здравствени работници за „Европејци на годината“, од страна на Делегацијата на ЕУ

Редакција