еМагазин
Image default
Балкан

(Фото) Тие што ќе патуваат со брод во Грција треба да пополнат прашалник за Ковид-19

На седум прашања поврзани со Kовид-19, ќе треба писмено да одговорат сите патници кои во Грција користат бродска линија подолга од половина час.

Во рамките на упатствата за превенција и спречување на ширењето на новиот коронавирус, Министерството за поморство и островска политика на Грција, воведе специјални прашалници кои патниците, пополнети треба да ги достават при влегувањето во бродот или траектот, јави дописничката на МИА од Атина.

Прашањата се однесуваат на изминатите 14 дена, а патниците ќе треба да одговорат дали имаат/имале ненадејни симптоми со температура, кашлање или отежнато дишење; дали имале близок контакт со лице заразено со Ковид-19; дали се грижеле за лице заразено со Ковид-19, дали посетиле или биле на мало растојание со лице заразено со новиот коронавирус; дали патувале (со било кое превозно средство) заедно со лице заразено со Ковид-19; дали живееле во ист дом со заразен и дали работеле на мало растојание или биле во иста средина со лице заразено со Ковид-19.

Во прашалникот се заведуваат и личните податоци, а во случај, врз основа на одговорите, да се констатира дека патникот има симптоми или на било каков начин во изминатите две седмици бил во контакт со заразено лице со Ковид-19, тогаш нема да му биде дозволено да се качи на брод.

Бродската компанија, два месеци ќе ги чува прашалниците, согласно предвидените одредби од законот за заштита на лични податоци.

Паралелно, прашалници треба да пополнат и оние кои патуваат со брод на релација Грција – Италија, како и членовите на екипажот.

Прашалниците на англиски и на грчки јазик се достапни во туристичките агенции, во бродските компании како и на сајтот на Министерството за поморство и островска политика на Грција.

Од понеделникот, до 15 јуни во сила се посебни превентивни мерки за бродовите во Грција. Засега дозволено е само патување на островот Крит, а од понеделник се очекува да се укине забраната за патување на сите острови.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Редици за влез на плажите во Грција

40 лица на 1.000 метри квадратни: Грција ги отвара плажите, летувањето ќе биде уживанција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојко Борисов нема да биде мандатар, неговата партија ќе го предложи Даниел Митов за нов премиер

Редакција

(Фото) Од птичји грип угинале над 500 пеликани во грчкиот дел на Преспанско Езеро

Редакција

Ципрас: Некои останаа со подотворени усти по историскиот договор за македонското прашање

Редакција