еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Tиквеш се нуди како главно вино во Пешкопеја, Албанија

„еМагазин“ денеска присуствуваше на туристичката презентација на регионот Дибра во Албанија, а главниот настан се одржа во Пешкопеја. На настанот беше промовиран новиот транснационален планински туристички производ High Scadrus Trail кој ги поврзува планинските масиви во пограничните области на Албанија, Македонија и Косово.

Бевме пријатно изненадена кога, при таа туристичка промоција на регионот, но и на пограничните места помеѓу Албанија, Косово и Македонија во рестораните, но и во хотелот „Вери“ каде што се одржа централниот настан, гостите беа пречекани со „Тга за југ“.

Освен во хотелот, вината на Тиквеш имаа централно места во кафулињата во центарот на Пешкопеја.

Треба да се напомене, дека на настанот присуствуваа високи гости од целиот регион, дипломатски претставници, туристички работници, хотелиери, планинари и други.

Македонската екипа навистина имаше со што да биде горда.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пожарот над тетовското село Вешала е локализиран

Редакција

Приватните превозници утре со 30 автобуси ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“

Редакција

Во кој сектор е највисоката просечна бруто-плата во август

Редакција