еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Традиционална крводарителска акција на Рамсторе

По повод 14. роденден на Рамсторе Македонија и во насока на својата визија која има за цел да  превземе чувствителни активности кон општествтото, во соработка со Црвен Крст на Град Скопје и заводот за Трансфузиологија, денес (13 ноевмри) заедно со своите вработени организираа крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, Дарувај Крв„.

“Дарувањето на крв за нас, е должност на секој човек и воедно како компанија придаваме огромно значење на општествено одговорните активности кои додаваат вредност на општеството во кое живееме.

Би сакал да им се заблагодарам најпрвин  на тимот на  Црвен крст кој најсовесно ја извршува својата работа, на генералниот директор Г-дин Саит Саити и секретарот на Црвен Крст на  Град Скопје г-ѓа Сузана Тунева Пауновска, за нивната поддршка, а потоа и на сите вработени и соработници кои беа дел од денешната крводаритлена акција  и ја покажаа својата хуманост“,  изјави денеска Ајхан Узун, Генерален директор на Рамсторе Македонија.

“Би сакал да истакнам дека ние како Рамсторе ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти и веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна како за нашето здравје така и ќе им помогне на болните на кои им е потребна.

Исто така, посебно ни е драго, што токму на овој историски важен ден за Скопје, заедно со нашите вработени ја покажуваме нашата хуманост и како компанија и како личности„, доплни тој.

Соработката на Рамстор Македонија со Црвен крст на Град Скопје се развива и во социјално-хуманитарната сфера што само ја истакнува посветеноста на компанијата за вклучување во општествено одговорни проекти како дополнителна вредност на општеството во кое живееме, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје додели благодарници на соработниците за нивната поддршка на универзитетот

Редакција

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Редакција

Над 1 милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија, највисока сума што може да се освои во земјава

Редакција