еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Трибина „На прав пат“ и изборна кампања, пронајди ги разликите

СДСМ од Штип го започна караванот на отворени граѓански трибини под мотото „На прав пат”, како дел од новиот концепт на работа на партијата.

Гледајќи ги фотографиите од трибината, појавата на министрите, дадените ветувања на истата, фалбите за она што е исполнето од власта и за она што не е исполнето, а „ќе биде“, трибината не личи на ништо друго освен на предизборна кампања.

Целата таа сценографија исполнета со различни улоги нам на граѓаните многу добро ни е позната, иако од партијата пред неколку дена посочија дека не стартуваат предизборна кампања.

Доколку беа чесни, ваквите трибини ќе одржуваа за време на целиот мандат, па ќе слушнеа што граѓаните мислат за нивните политики и дали се задоволни.

И овде би се согласиле со комуникологот Жанета Трајковска која вели дека овие настани не треба да бидат третирани од медиумите, бидејќи „партиите си одат и си зборат со членството, ништо повеќе. Нели?! Инаку би воделе кампања, а не смеат.“

А дека предвремени избори се ближат се гледа од авион. Тоа го потврдуваат и партиски извори на СДСМ, кои велат дека големи се шансите истите да се случат во мај. Оттука и целата мобилизација на партијата, со старт на предизборната кампања со време, која само ќе се вика поинаку, трибини.

Баш да видиме, во што кампањата ќе им се разликува од трибините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мириса на предвремени избори: СДСМ ќе не носи „на прав пат“, ВМРО-ДПМНЕ за „обнова на Македонија„

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Августовските сметки на БЕГ се сторнирани, граѓаните ќе добијат нови

Редакција

СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор

Редакција

Лицето за кое што постои сомнеж дека го усмрти сторителот на масакрот во Цетиње, не треба да одговара кривично, вели адвокат

Редакција