еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Уште една успешно изведена трансплантација на бубрези од починат донор

Лекари од Клиниките за анестезија, реанимација и интензивна нега – КАРИЛ, Урологија, Нефрологија и Институтот за трансфузиологија, уште еднаш изведоа успешна кадаверична трансплатација на бубрези, објави министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил.

„По пауза од речиси три години, оваа е втора трансплантација на бубрези од починат донор и тоа во рок од два месеци, што е голем успех за тимот лекари кои работат на вакви зафати.

Пациентите кои ги добија бубрезите се чувствуваат добро и сѐ уште се наоѓаат на одделението за интензивна нега на КАРИЛ. На пациентите им ги честитам Бадник и Божик и им посакувам што побрзо да закрепнат за да бидат со своето семејство“, напиша Филипче.

фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се отвора изложбата „Трета страна на стварноста“ во МСУ

Редакција

Програмата на Вкусот на Скопје ’19 дефинитивно ќе Ви го разбуди апетитот!

Редакција

АСОМ со донација за семејствата на настраданите лица во пожарот во Тетово

Редакција