еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Ужасна и жална глетка од прегладнето куче од Вардариште: Коски и кожа

Активистите за правата на животните, постојано укажуваат на страшните услови во Вардариште за одгледување на кучињата, а оваа фотографија уште еднаш го потврдува тоа.

Споделенета фотографија на социјалните мрежи укажува на прегладнето куче, на кое се останати коски и кожа.

„Ова куче денес е извадено од Вардариште од страна на хумани девојки малку постари од мојата ќерка. Слушајте сега сите што замижувате (граѓани), а и Вие ајдуци што Ве плаќаме. Кучето е заловено со бебиња, сите се умрени, имаме слики. Кучето е во логорот цел месец и е третирано со високо квалитетна храна што се гледа на сликите.

Слушајте ваму апаши, ние плаќаме да стерилизирате, вакцинирате, објавувате за вдомување, а не за донесување на живи скелети како во Сирија.

Вие кажавте дека ќе соработувате со граѓани, Вие добивте гласови од луѓе што Ви поверуваа.

Каде е храната купена со наши пари, каде е хуманиот третман? Ова ли е нормално за 21 век, ова ли е човечно?

Кучето е веќе на нормален ветеринар, повторно луѓе донираат и ветеринари што не се на вашиот тендер список. Мрш у мајчину да одите. Знаеш кога ќе те гласам пак, деменција ако ме удри“, пишува Викторија Стефкова на нејзиниот фејсбук-профил, чиј што статус се споделува по социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прослава со торта: Боки 13 со цимерите во Идризово

Редакција

В петок портокалова фаза, температури и до 43 степени и УВ индекс 10

Редакција

Денови на вино и љубов од 12 до 14 февруари во Рамстор мол

Редакција