еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото+Видео) Мицкоски во „Еден на еден“: Не се слушам со Груевски

Христијан Мицкоски ќе биде гостин во новата епизода на „Еден на Еден“, во недела од 18.30 на Канал 5 телевизија.

Жаре и Мицкоски ќе изиграат фудбалче, еден на еден, но, тоа не е единствениот предизвик кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати.

Интересна изјава даде Мицкоски во моментот кога Жаре и екипата му подготвија музички квиз, погодување на песни. На почетокот на хитот „We Will Rock You“, тој рече: „Ова ќе се случи на 12 април“.

За крај Жаре го праша дали се слуша со Никола Груевски.

„Кој Никола? Има еден Никола од Кисела вода. Не се слушам со него“, одговори Мицкоски. Дел од муабетите се посветени и на неговото семејство, сопругата и синовите, а раскажа и приказни од тоа како почнал.

„Првиот ден кога отидов на работа, среден, стокмен, шефот ми дава метла и ми вели: Ајде да го изметеш дворот. Денот си го завршив професионално. Метев цел ден“, раскажа Мицкоски за своето прво работно место.

Дел од емисијата која ќе ја гледаме во недела, погледнете во најавата:

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Редакција

Заменик-министерот за образование Атанасов си поднесе оставка поради немањето реформи во образованието

Редакција

„Јосифов“ и „Аутомакедонија“ го добија тендерот на ЈП „Македонска радиодифузија“ за набавка на возила вреден 135.000 евра

Никола Осило