еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Влатко Ѓорчев на Молитвен појадок кај Трамп

Еден од кандидатите за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Влатко Ѓорчев по дести пат присуствуваше на Молитвениот појадок во Вашингтон, организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Како што информира на својот Фејсбук профил, имал средба и разговор со државниот сектетар на САД и шеф на Стејт Департментот Мајк Помпео, како и со сенаторот Тед Круз.

„Секретарот Помпео е меѓу најблискуте соработници на претседателот на САД, Доналд Трамп. Претходно беше конгресмен (2011 – 2017) и одржува блиски контакти со своите колеги од Конгресот на САД.

Сенаторот Тед Круз лично го познавам повеќе години и се работи за еден од највликателните сенатори. Во 2016 година беше претседателски кандидат, а во 2018 година претседателот Трамп лично се вклучи во неговата кампања за реизбор во Сенатот“, напиша Ѓорчев на Фејсбук.

Овој настан се организира секоја година и ги собира членовите на претседателскиот Кабинет и Конгресот, како и многубројни гости од странство.

Молитвениот појадок се одржува првиот четврток од февруари секоја година во Вашингтон, а вообичаено присуствуваат околу 3.500 гости.

Фото: Фејсбук/Ѓорчев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател

Каков имот пријавил Влатко Ѓорчев, првиот кандидат за претседател на државата

Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Туск на македонски: Никогаш не ја пропуштајте можноста кога ќе ве повикаат да гласате

Редакција

АВМУ покрена постапки за одземање на дозволите за работа на Радио Бикиал и ТВ Ирис

Редакција

Распишани претседателските избори, првиот круг е на 21.април

Редакција