еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Во училиште во Крива Паланка на аукција се продадоа џиновски новогодишни честитки од рециклирачки материјали

Во основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка денеска се одржа аукција на новогодишни честитики, информираат од Општината.

На аукцијата беа изложени над двесте оригинални изработки, и тоа џиновски новогодишни честитки, елки, украси и декорации, изработени од рециклиран материјал.

Сите декорации и честитки кои беа изложени, заеднички се изработени од учениците и вработените во соработка со родителите. Изработките се од рециклирачки материјали, кои се обезбедени од локални општествено одговорни компании што ја поддржале оваа активност и за целиот процес соработувале со тимот што ги водел активностите во училиштето.

На овој настан, покрај претставниците од локалната самоуправа и градоначалникот, присуствуваа и претставници од јавни институции и компании и учествуваајќи на аукцијата купија џиновски честитки што ќе ги красат нивните деловни простории.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПРЕДА плус отвори повик за поддршка на стартапи од Пелагонискиот регион

Редакција

(Фото) Кога Французин ја сака Македонија: Заљубен е во Охрид, доаѓа кон крајот на летото и го чисти езерото

Редакција

Актери, спортисти и поп ѕвезди ќе седнат на берберски столици за подигнувње на свеста за машкото здравје

Редакција