еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Воениот комитет на НАТО во посета на Македонија: Евроатлантската иднина има големо геополитичко значење

Воениот Комитет на НАТО (ВКН) го поздравува прогресот на Република Македонија кон членството во НАТО кое сега е се поизвесно, како и посветеноста на заедничките вредности, беше кажано во воведното обраќање од страна на Заменик претседавачот на ВКН, генерал-потполковник Стивен Шапро, на отварањето на денешната сесија на Воениот Комитет на НАТО во Скопје.

Ова е прва посета на Воениот комитет на НАТО во формат на постојана сесија во Македонија, која се одржува на покана на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Ве охрабруваме да продолжите со овие реформи, а ние ќе продолжиме тесно да соработуваме со вас во понатамошно развивање на вашите одбранбени способности во согласност со стандардите на НАТО “, рече генерал Шепро.

Шекеринска рече дека состанокот е порака дека 29 земји членки се обединети во поддршката да станеме 30 членка на НАТО.

„Состанокот е симбол, но не е случаен. Честа не ја добивме, туку ја заслуживме со бројните политички реформи и резултати кои ги испорачавме. Македонија станува дел од заедницата на напредни држави, и тоа веќе влијае позитивно на нашата безбедност, но и на економијата, инвестициите и квалитетот на живот. Секаде, а особено на Балканот, сигурноста е единствената влезница за просперитет – рече Шекеринска. Евроатлантската иднина на Македонија има големо геополитичко значење и важност и ќе служи како поттик за прогрес на другите земји аспиранти, додаде министерката.

За време на состанокот постојаните воени претставници на Воениот Комитет на НАТО, ќе бидат запознаени со достигнатото ниво во реформите и развојот на способностите кои Армијата на Република Македонија ги реализира согласно Стратегискиот одбранбен преглед со цел поефикасна професионалност и подготвеност за исполнување на условите за членство во НАТО Алијансата.

Утре, високите воени претставници од ВКН во касарната Илинден, ќе имаат прилика да ја погледаат подготвеноста и дел од опремата на дел од декларираните единици од полкот за специјални операции, средната пешадиска баталјонска група, хеликоптерскиот детачмент, четата на воена полиција, инженерискиот вод и полската болница со улога 2.

Фото: Министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заедничката историска Комисија со Бугарија ќе заседава в четврток и петок, ќе се разгледуваат забелешките за средновековието

Редакција

Во образовните установи во Тетово има 31 лице со Ковид-19

Редакција

Пендаровски: Реално немаме ресурси да покриеме кризна состојба на цела територија

Редакција