еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев и Ципрас на ручек во познат скопски ресторан, подоцна дојдоа Заева и Базиана

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и грчката делегација вчера беа на ручек во ресторанот „FOUR“ кој се наоѓа во рамките на хотелот „Парк хотел и спа“.

Тие останаа на ручек околу час и половина, односно од околу 15 до 17 часот, од каде што потоа, бројната делегација замина на бизнис-форумот во „Александар Палас“.

Околу хотелот имаше зголемено присуство на полиција и обезбедување.

Интересно е тоа што, откако премиерите заминаа, во ресторанот пристигнаа сопругата на премиерот, Зорица Заева и партнерката на Ципрас, Бети Базиана. Така што и во однос на ручекот, нивните програми беа различни. Претходно, двете дами беа на прошетка на скопско Кале.

Инаку, ресторанот FOUR ја има една од највкусната гастрономска понуда во градот, со одличен амбиент и поглед на кејот на Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Кој е Гркот Зорба, на чиј гроб во Скопје партнерката на Ципрас положи цвеќе

Партнерката на Ципрас, Бети Базиана положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба во Скопје

(Фото) Заева и партнерката на Ципрас на прошетка на Кале

Фото: Влада/FOUR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев во ЕП: Прво обраќање на македонски премиер на македонски јазик во ЕП

Редакција

Макрадули: Никој не може повеќе да ја сака ќерка ми од мене, ви гарантирам воздухот ќе биде чист

Редакција

Починаа тројца пациенти од корона вирусот, помеѓу кои и 46-годишна жена која долго била на механичка вентилација

Редакција