еМагазин
ДОБРОСОСЕДСТВО

(Фото) Заев и Рама на ифтарска вечера кај босанскиот премиер Звиздиќ

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на ифтарска вечера кај претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, на која беше и албанскиот премиер Еди Рама.

Заев на својот Фејсбук профил напиша дека на покана на Денис Звиздиќ бил на ифтарска вечера во Сараево, заедно со Еди Рама.

– Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои нѐ обединуваат како народи, напиша Заев на Фејсбук.

Во Сараево денеска се одржува состанок на лидерите на Западен Балкан, во рамки на Генералното собрание на гувернери на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија ќе извезе две илјади тони масло во Македонија

Редакција

Мицотакс убеден дека повторно ќе профункционира нафтоводот помеѓу Грција и Македонија

Редакција

Министрите за култура на Македонија и Бугарија се договорија да ги зајакнат контактите меѓу двете филхармонии, театри и музеи

Редакција