еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев на ифтар со шеикот Ал Нахјан во Обединети Арапски Емирати

Ми беше чест и задоволство да бидам специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), информираше на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.

„Шеикот најави инвестиции на ОАЕ во Северна Македонија, а јас во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас.

Преку негова директна поддршка остваривме работни средби со повеќе компании од Дубаи и Абу Даби со кои отворивме можности за економски инвестиции во нашата земја.

За време на посетата ме придружуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Царина, Ѓоко Танасоски“, пишува Заев.

фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи платите на вработените на Фондот за здравство да останат исти до мај

Редакција

Од утре дожд, за викендот посвежо дожливо и со ветер

Редакција

Проф.Трајковски: „Толку беше со постоечките соеви, а дали новите потсоеви XE, XF, XD на омикрон можат да направат некакво избувнување, ќе видиме најпрво во Европа“

Редакција