еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Завршен новиот паркинг на Клиничкиот центар и неколку нови улици и влезови во кампусот

Во Клиничкиот центар е завршен новиот паркинг што се наоѓа на местото на поранешната Клиника за гинекологија, направен е посебен влез за возила на итната медицинска помош до Ургентниот центар на хирургија, а направени се и повеќе нови улици кои ги спојуваат веќе постојните.

„После повеќе од 50 години имаме посебен влез за возилата на Итната медицинска помош до Ургентниот центар на Хирургија, нов паркинг до зградата на Клиниката за гинекологија и акушерство на местото каде што беше старата гинеколошка клиника и нови улички кои ги спојуваат веќе постојните улици, со што очекуваме да се намали метежот во клиничкиот кампус, но и на улицата стара Водњанска, што мислам дека е една значајна придобивка.

Дополнително на сето ова, овозможуваме многу полесно движење на пациентите низ клиничкиот кампус, полесно движење на интерклиничкото возило и посебни патеки за движење на пациентите со колички, било да се тоа седечки или лежечки пациенти“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информираше дека во следната фаза ќе се работи на уште неколку влезови и излези, како и уште еден паркинг кај Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби околу мобилната болница, со што целосно ќе се смени сликата и ќе се олесни функционирањето на клиничкиот центар.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се бараат ПЦР тестови и за лицата кои транзитираат низ Македонија

Редакција

Јанева за Стефанова: „Не чинев зошто и го возев мачето”

Редакција

Демократскиот сојуз ќе ја повлече поддршката на Владата, ако го прифати францускиот предлог

Редакција