еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Франција ја откри стратегијата за Македонија и Западен Балкан

Веднаш по неформалниот состанок меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и лидерите на земјите од Западен Балкан, Франција излезе со официјална државна стратегија за овој регион.

Содржината на стратегијата Ви ја пренесуваме во целост:

„Од почетокот на 2000-тите и крајот на вооружените конфликти поврзани со распадот на Југославија, стабилизацијата и демократскиот, економскиот и социјалниот развој на земјите од Западен Балкан (Словенија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија) бележи значителен напредок. Словенија стана членка на Европската унија во 2004 година, а Хрватска во 2013 година.

Сепак, бројни реформи се потребни за да се овозможи регионот трајно да се стабилизира и да одговори на предизвиците со кои се соочува:

• политички (нерешени спорови, иако Преспанскиот договор претставува значаен напредок и пример за регионален дијалог)

• економски и социјални прашања

• тешкотии при трајното воспоставување на владеењето на правото

• безбедносни прашања

• надворешни влијанија кои го пренасочуваат регионот од својата европска перспектива.

Врз основа на оваа забелешка, претседателот на Република Франција побара усвојување на конкретна стратегија за Западен Балкан, така што Франција ќе има поголем удел во стабилизирањето на шесте земји од Западен Балкан кои не се членки на Европската унија, за нивниот економски и социјален развој и за зајакнување на владеењето на правото.

Конкретни мерки

I. Франција ќе ги интензивира своите политички односи со земјите од регионот. Претседателот на Република Франција ќе ја посети Србија во јули. Министерот за Европа и надворешни работи оваа година ќе ги посети Албанија и Косово. Други посети на членови на Владата и пратеници, во сите земји во регионот, ќе помогнат да ги зајакнеме нашите односи.

II. Франција ќе ја зајакне својата билатерална соработка со земјите од регионот во четири области:

1. eкономски и социјален развој преку интервенција на Француската агенција за развој (АФД)

На 25-ти февруари беше потпишан меѓувладин договор со Србија. Другите пет договори се преговараат.

АФД ќе ја поддржи регионалната интеграција на земјите од Западен Балкан за да се помогне нивниот развој и стабилизација. Таа ќе ги поддржи транзициите во насока на одржлив развој, со приоритет на енергетската и еколошката транзиција, како и на територијалната транзиција, области во кои АФД ќе може да го валоризира своето искуство и француската експертиза, истовремено придонесувајќи кон климатските цели поставени од страна на француските власти.

АФД, исто така, ќе спроведува проекти во областа на родовата рамноправност и ќе ги поддржува помирувањето и младите преку Регионалната канцеларија за младинска соработка во Западен Балкан (РИКО) (основана според моделот на француско-германската канцеларија за млади ОФАЖ).

Годишната помош обезбедена од АФД (првично 100 до 150 милиони евра) ќе служи како поткрепа за финансирање од други донатори, особено германската Кредитната институција за обнова (КфВ) со која тесно соработува.

2. безбедност

• Борба против недозволена трговија со мало огнено оружје и лесно оружје: понатамошно спроведување на француско-германските насоки за мобилизирање на земјите од регионот преку конкретни мерки (особено во поглед на безбедноста, борбата против мрежите за трговија со луѓе и правењето нелегални залихи од оружје) и преку координирање на помошта на меѓународната заедница за борба против трговијата со оружје.

• Зајакнување на нашата билатерална соработка, вклучувајќи: воспоставување на постојани единици за разузнавање во областа на криминалитетот (UPRC).

• Борба против тероризмот и радикализацијата со поддршка за поставување платформи за пријавување на нелегални содржини на интернет.

• Зајакнување на нашиот механизам за оперативна соработка за прашања од внатрешната безбедност.

3. правосудство

• Продолжување на техничката соработка во борбата против трговијата со дрога, трговијата со оружје и трговијата со луѓе и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

• Воспоставување нова соработка во областа на финансискиот и економскиот криминал, борба против трговијата со културни добра и заштитени видови, кои исто така може да бидат извори за финансирање на тероризмот.

• Воспоставување заеднички истражни тимови со сите земји од регионот.

4. одбрана

• Интензивирање на размената со земјите од регионот (политичко-стратегиски дијалози, посети на воени авторитети).

• Преземањето на командувањето со операцијата ЕУФОР-Алтеа на 27-ми март.

• Зголемена понуда за обука на офицери за земјите од Западен Балкан во француските училишта за обука, како и на државјани од овие земји во Институтот за високи студии за национална одбрана (IHEDN).Поддршка за вклучување на земјите од Западен Балкан во заеднички мировни операции во странство.

III. Стратегијата на Франција за Западен Балкан има за цел да ја поддржи и да ја надополни акцијата на Европската унија за поддршка на приближувањето на регионот кон Европа.

Таа, исто така, ги надополнува активностите што се преземаат како дел од Берлинскиот процес, во кој Франција учествува од неговото основање и делумно ќе се спроведува во француско-германска рамка:

• борбата против недозволената трговија со мало оружје и лесно оружје.

• поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

• соработка помеѓу Француската агенција за развој и германската Кредитна институција за обнова; заеднички посети на регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да можевме сами дома да се средиме, немаше да бараме членство во ЕУ“: Твитер за „студениот„ туш од Меркел и Макрон

Фајненшл тајмс: Меркел и Маркон им порачаа на балканските лидери прво да се средат по дома, па потоа во ЕУ

(ВИДЕО) Како Меркел го пречека Заев во Берлин

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Укинувањето на рестриктивните мерки не значи крај на епидемијата во ниту една земја

Редакција

Помпезна свечност за откривање на табла за автопатите, за кои граѓаните ќе платат 1,3 милјарда евра

Редакција

Вози Тојота: Каков имот пријавила судијката Светлана Костова

Редакција