еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Франција, Германија и Италија против разделување на пакетот Македонија и Албанија за преговори со ЕУ

Се чека секој момент министрите за надворешни работи на ЕУ да ја започнат втората рунда разговори за започнување преговори за членство со Македонија и Албанија, но ретко кој верува дека денеска ќе биде можна одлука.

На последниот предлог за раздвојување на двете земји и започнување на преговори прво со Mакедонија се противат три земји – Франција, Германија и Италија.

Франција се противи поради тоа што не сака никакво ново проширување пред да се реформира преговарачкиот процес, додека Германија и Италија стравуваат дека доколку преговорите започнат само со Македонија, Албанија „вечно“ ќе остане во чекалницата на ЕУ, велат дипломати од земја членка на ЕУ.

Холандија, според нив, не се противи на раздвојувањето од Албанија, бидејќи Хаг мора да ја следи одлуката на холандскиот Парламент кој смета дека Скопје е подготвено за преговори, а Тирана не.

Останува дека Холандија сака да го услови отворањето на преговорите со носењето на законот за јавно обвинителство, како што најави утрово шефот на холандската дипломатија Стеф Блок, пред почетокот на министерскиот состанок.

Доколку се дојде до договор за отпочнување на преговорите со Македонија, Хаг би барал првата меѓувладина конференција да се одржи само откако ќе биде задоволено барањето за независно јавно обвинителство.

Дипломатите во Луксембург објаснуваат дека дури и да се постигне компромис за евентуално раздвојување на двете земји, многу се мали шансите тоа да биде сторено денеска, бидејќи француската државна секретарка нема мандат да носи таква одлука. Неа може да ја донесе само францускиот претседател Емануел Макрон на Самитот на ЕУ в четврток и петок во Брисел.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во отвореното писмо на група македонски интелектуалци до ЕУ за ставовите на Бугарија

„Перфектен тајминг“ за скандалот со Асим Муса: ЕУ во ист кош треба да ги стави Македонија и Албанија?

Не чека ли ново понижување од ЕУ преку јалов обид за одложени преговори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе разговара и за спорот со Бугарија

Редакција

Европскиот парламент гласаше за екстрадиција на Груевски од Унгарија

Редакција

„Политико“: Европа во војна за вакцини против Ковид-19 со фармацевтските куќи

Редакција