еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Франција не сака во НАТО, а не во ЕУ: Македонската армија има тајно оружје?

Беше ли промената на името на Македонија смислена операција со единствена цел земјава да стане членка на НАТО е дилема која полека се расчистува, а посебно откако вчера францускиот Сенат го усвои во прво читање предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на нашата земја во воената алијанса.

Сега останува договорот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање, по што тој дефинитивно ќе биде ратификуван од Франција, што е извесно дека ќе се случи.

Досега 24 земји-членки од вкупно 29 целосно го завршија процесот на ратификација, а забележително е што вчера во ист ден тоа го сторија Италија и Велика Британија.

Истовремено, Франција го блокира почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ и сега се бара начин за повторно одложување на датумот. Тоа веќе сериозно го доведува во прашање кредибилитетот на Европската Унија бидејќи премногу ветувања беа прекршени од страна на нашите „европски партнери“ кои буквално излажаа дека ако го промениме името датумот е загаранатиран.

Ваквиот развој на настаните го наметнува прашањето зошто во очите на Франција, Македонците се добри за влез во НАТО, но не и за ЕУ. Имено, тоа сигурно не е поради моќта на македонската армија или нашето вооружување. Да не се лажеме, ние сме држава што нема ниту еден борбен авион.

Одговорот е едноставен и лежи во стратешките интереси на НАТО да стави рака врз Коридорот 10 кој минува низ Македонија и ги поврзува Егејското море со европскиот континент. НАТО се плаши од кинеските и руските влијанија, како и од новиот Пат на свилата на Кина, кој минува и низ нашата земја.

Колку и да звучи како геополитички заговор, тоа е вистината, а приказната за ЕУ најверојатно беше за залажување со оглед на тоа што промената на името беше наметнат критериум за членство. Нашата земја уште пред десет години ги исполни останатите услови кои Франција сака да ги менува на пет минути пред завршување на натпреварот.

За жал, извесно е дека ќе станеме членка на воен пакт само заради туѓи интереси, наместо да станеме членка на унија на народи, што секако е вина и на домашните политичари кои покажаа дека се „tabula rasa“ кога е во прашање надворешната политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Францускиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

По Италија Протоколот за членство на Македонија во НАТО ратификуван и од Велика Британија

Датумот за старт на преговорите на Македонија со ЕУ се подалеку

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евроамбасадорот Гир: Фон Дер Лајен направи лапсус кога рече „северномакедонскиот народ“

Редакција

Никола Димитров: Во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни

Редакција

Нови 225 случаи со Ковид-19 од 1.841 тестирања: Најмногу во Скопје дури 120

Редакција