еМагазин
Image default
Свет

Француски епидемилози: Само повлекувањето на мерките за ограничување, без тестирање и изолација ќе бидат неефикасни

Студијата изработена од Институт за епидемиологија и јавно здравје на Пјер Луис, Инсдерм и Универзитетот за медицина на Сорбона, укажува дека само повлекувањето на мерките за ограничување, без строги мерки за тестирање и изолација ќе бидат неефикасни.

Научниците се потпираат на мерките за ограничување на движењето во Ил де Франс (парискиот регион) и тие тестирале различни хипотези.

Од испитувањето произлегува дека мерките треба да се подигнат во најдобар случај само во текот на мај, па дури и на крајот на мај или во јуни.

Сега целта е да се воспостави стратегија за излез и да се идентификуваат најдобрите услови за заштита од втор бран на епидемијата, кој би можел да биде понасилен од првиот.

Ограничувањата според студијата треба да се повлечат кога ќе е можно да се применат големи агресивни мерки за идентификација со тестови на лица носители на вирус и нивни контакти со цел да ги изолираат и да се одржи социјално растојание со установите, училиштата кои остануваат затворени и стари лица во изолација.

Интегрирајќи ги податоците за профилот на возраста и социјалните контакти во Ил де Франс, моделирањето на преносот на вирусот во овој регион покажува дека основната стапка на репродукција на епидемијата пред затворање е 3 (три лица заразени од иста личност која носи САРС-КоВ-2) и дека на 5 април, процентот кај луѓето веќе заразени со ковид-19 беше помеѓу 1 отсто и 6 отсто, во зависност од хипотезите за зачестеноста на асимптоматските форми.

Тие проценуваат дека намалувањето на контактите како резултат на затворањето во просек е 80 отсто, што би ја намалило стапката на репродукција од 3 на 0,68. Да кажеме на друг начин, 100 заразени лица би го пренеле вирусот само на 68 лица.

Целосното подигање на мерките без вистинска стратегија за излез би предизвикало втор бран што во голема мерка ќе го сруши здравствениот систем. Во отсуство на интервенции за време на второто плато, потребата од кревети за интензивна нега би била четириесет пати поголема од капацитетот на системот во регионот, ова според моделот.

Тековните ограничувања би можеле да бидат постепено опуштени, при што поголем дел од луѓето ќе се вратат на работа и постепено ќе продолжат со активностите, додека училиштата ќе останат затворени и старите лица ќе бидат во изолазија.

Ова императивно бара огромна и ефикасна потрага по носители на вирусот со тестови и нивна изолација: сместување во изолација на 75 отсто од случаите во текот на првиот месец по укинувањето на мерките, помалку ако тие останат уште еден месец.

Сегашното ниско ниво на колективен имунитет подразбира интензивни форми на социјално дистанцирање во наредните месеци.

Колку е поефикасно тестирањето на лицата кои носат САРС-КoВ-2 и нивната изолација, толку помалку ќе бидат ограничувачки мерките за социјално растојание за популацијата, посочуваат француските научници.

Продолжувањето на ограничувачките мерки, би дозволило да се добие на време, за да се зголеми капацитетот за тестови, заклучуваат тие.

Но исто така е неопходно да се зголеми процентот на населението што се соочил со вирусот и да го достигне прагот од најмалку две третини потребни за колективен имунитет.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општините Центар Жупа и Дебар излегоа од карантин

Јужна Кореја: 116 лица повторно се заразени со Ковид-19, откако претходно биле излекувани

Мијте ја косата по излегување надвор, коронавирусот се пренесува и преку неа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија под итно да ја повлече војската: Генералното собрание на ОН усвои резолуција за агресијата врз Украина

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Најмалку 4.104 деца убиени во Газа, на секои 10 минути се убива по едно

Редакција

(ВИДЕО) Град на духови: Како изгледа од дрон кинескиот град Вухан кој е во карантин поради корона вирусот

Редакција