еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Францускиот магазин АД ја препорачува Македонија меѓу петте туристички дестинации за 2020

Францускиот магазин АД, посветен на декорацијата, уметноста, архитектурата и начинот на живеење, на своите читатели им препорачува пет дестинации за одмор во 2020 година, меѓу нив и Охрид во Македонија, јавува дописникот на МИА.

Охрид е втората дестинација на магазинот АД, покрај карипскиот остров Аруба, планината Барилоче во Патагонија, Ванкувер во Канада и Котор во Црна Гора.

АД објаснува дека Македонија е мала држава во Југоисточна Европа на Балканскиот полуостров, која доби ново име по децениите на политичка дебата со соседна Грција. Причините поради кои АД советува да се замине на одмор за Македонија се бидејќи таа е позната по својата гастрономија, по вековните традиции и својата природа.

Охрид е ставен под заштита на УНЕСКО и тоа е само уште една причина повеќе за да се посети.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕВН донираше апарат за рана дијагностика на оштетувања на слухот во Општата болница Куманово

Редакција

Одлична вест: Голем дел од клиниките обезбедени со заштитни маски испечатени на 3D принтери

Редакција

„Растеме заедно“- Бимилк и СОС Детско село ја продолжуваат соработката преку стратешко партнерство

Редакција