еМагазин
Image default
Македонија

Францускиот печат го „подбра“ Макрон зашто не дозволи датум за преговори за Македонија и Албанија

Неколку дена по завршувањето на европскиот самит во Брисел, францускиот печат со остри критики за позицијата на претседателот Емануел Макрон поради блокадата на почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, јавува дописникот на МИА.

Дневниот весник „Ла Кроа“ близок до демохристијаните, констатира уште во насловот „Македонија дестабилизирана со француската одлука да и ги затворање на вратите на ЕУ“.

Со осаменото одбивање да дозволи да започнат пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, Франција се најде осамена и обвинета за поткопување на кредибилитетот на Европската Унија во регионот на Балканот.

Ако Данска и Холандија изразија резервираност, Париз беше тој  кој одби да ја преиспита својата позиција и покрај притисокот од другите земји-членки за време на Европскиот совет во петокот 18 октомври. Иако Комисијата веќе препорача двапати отворање на преговорите, прв чекор во долгиот процес на пристапување, пишува „Ла Кроа“.

Срѓан Цвијиќ, аналитичар за политика на Отворено општество, во „Ла Кроа“ ја осудува „стратешкото незаинтересираност на Франција на Балканот од 2007 година“ и која притоа „збунетата“ порака.

„Со тоа што не го oдржа зборот за Македонија, Франција и ЕУ го губат кредибилитетот“, сметаат во заедничката трибина во париски „Ле Монд“  Пјер Мирел – истражувач и поранешен генерален директор на Европската комисија и Жак Рупник–Директор за истражување при ЦЕРИ-Политички науки во Париз.

Според двата добри познавачи на Балканот, „одбивањето на Емануел Макрон да ги отвори преговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ е „повеќе од грешка“.

Сите реформи во Северна Македонија, па и промената на името беа „во името на Европа“. Затоа беше логично Европскиот совет уште од 29 јуни 2018 година да ја отвори вратата за преговори за пристапување кон таа земја која, како најдобар ученик, ги исполни строгите барања на Комисијата.

Тогаш, Франција и Холандија посакаа продлабочување на започнатите реформи, како предуслов  за отворање на преговорите. Претседателот Макрон веќе ги „тушира“ надежите со тоа што во 2018 година изјави дека ЕУ треба да се реформи пред повторно да се прошири. Секако, според формулата на Комисијата, „ЕУ мора да биде посилна и поцврста пред да може да се прошири“, но Франција направи од тоа антифон со скоро невротично спротивставување на продлабочувањето и проширувањето. Притоа Рупник и Мирел зборуваат за вистинската цена на не-проширувањето на ЕУ.

Оваа повторена позиција (на Макрон) предизвика шок во Северна Македонија, секако, но и во земјите од регионот, кои не се толку подготвени да се впуштат во реални реформи и кои брза да рециклираат стара поговорка од поранешните комунистички земји од Источна Европа: „ЕУ се преправа дека не пречекува, а ние се преправаме дека се реформираме! “

На конференцијата на амбасадорите на 27 август, Емануел Макрон повика на „реинвестирање на Балканот за да не им се дозволи на неевропските земји да ја играат играта за нас“. Но, во Брисел, на 18 октомври, Франција сакаше да се преиспита „рамката на преговорите“ за поголема транспарентност и реформи, дури и кога Македонија и Албанија ги продлабочуваа реформите дури и во тешко политичко опкружување.

„Подоброто е непријател на доброто: токму со отворањето на преговорите ЕУ би можела целосно да ја искористи својата мека моќ со промовирање на реформите и надминување на националистичките спорови“, пишуваат во Ле Монд.

Особено со оглед на тоа што Бундестагот, повикан од германската влада, гласаше во оваа насока со мнозинство. „По укинувањето на ветото на Грција, Франција сега го става своето. Тоа е повеќе од грешка. А покрај француската изолација, тоа што ги загрижува е што е„ дискредитиран самиот збор е ЕУ“.

Бруталниот заклучок на Европскиот совет ќе создаде големо разочарување на Балканот. Русија, Кина, Турција и другите „предатори“ ќе го искористат овој вакуум. Што се однесува до Франција, која се врати во регионот каде има силни историски и економски врски, таа изгуби голем дел од својот кредит и придонесе за губењето на тој на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен рече дека „пристапувањето е инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на Европа“. Таа ќе треба многу да направи за да се исполни оваа желба, затоа што ЕУ не го исполни дадениот збор и ризикува да плати висока цена“, ја завршуваат трибината во париски „Ле Монд“ Пјер Мирел и Жак Рупник.

Неделникот „Ле Поант“ оди пак најдалеку со критиките за ветото на претседателот Макрон, насловувајќи го својот уреднички коментар „Кукавичлакот на Франција на Балканот“.

-Додека Соединетите американски држави на Доналд Трамп ги предаваат Курдите, Франција го предаде Балканот. Непосредните последици се помалку драматични, но откажувањето е слично. Под влијание на Париз, Европа им остави дел од себе на штетното влијание на Кина, Русија и Турција, пишува  Лук де Барошез во „Ле Поант“, додавајќи: „Жалиме поради тоа што гледаме, како и во Сирија, оставка на Западот, пораз на демократијата и неуспех на европските вредности.“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За СДСМ Пописот е исклучително успешен и спроведен согласно закон и сите правила на Евростат

Редакција

(Видео) Премиерот Заев „провери“ да не има утка со германското знаме

Редакција

Се уште не се знае кога ќе се отвори границата со Србија

Редакција