еМагазин
Image default
Македонија

„Франкфуртер алгемаине цајтунг“: Да се каже вистината што ако референдумот за името не успее

Ако на претстојниот референдум Македонците го отфрлат постигнатиот компромис за спорот за името, нивното влегување во ЕУ и во НАТО ќе биде блокирано за подолг период. Тоа е она што Москва го сака, и затоа очигледно се меша во Македонија, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемаине цајтунг“.

– Русија нема особено да се вознемири од предупредувањето на американскиот министер за одбрана Џејмс Матис да не се меша во Македонија. Бидејќи за Москва залогот во оваа земја е многу голем: ако на референдумот на крајот од овој месец тамошните граѓани го отфрлат постигнатиот договор со Грција за името, натамошното приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ ќе биде блокирано за долг период, неведува ФАЦ во анализата за состојбата во Македонија во пресрет на рефрендумот на 30 септември, пренесува МИА.

Весникот оценува дека по пропаднатите напори на Москва да ја спречи Црна Гора, евентуалното отфрлање на договорот за името на претстојниот референдум во Македонија, ќе значи успех за руските планови – да се спречи натамошното проширување на НАТО на Балканот.

– А Москва ќе продолжи во истиот дух – како до пред промената на власта во Скопје минатата година кога ја поддржуваше тогашната авторитарно-националистичката власт во Македонија, која подгрева антизападни расположенија и ја доведе земјата до изолација. Затоа е важно активностите на Москва во Македонија да бидат именувани со нивните вистински имиња. Но, уште поважно е тоа што водечки политичари од ЕУ, вклучувајќи ја и канцеларката Меркел, го направија во последните недели при посетата во Македонија: се обидоа да ги отворат очите на македонските граѓани за големата корист која ќе имаат од решавањето на спорот за името, наведува „Франкфуртер алгемаин цајтунг“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ: Обвинителство треба да ги гони лицата што ги изнеле записниците, а не оние што ги објавиле

Редакција

Претседателот на Европскиот совет, Мишел во Охрид ќе се сретне со Пендаровски

Редакција

(Фото) Захариева неинформирана: Бугарски културен центар во Македонија има уште од 2005 година

Редакција