еМагазин
Image default
Македонија

Фросина Ременски: Снимката на руските “пранкери” со Зоран Заев е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја

Со свое видување за аудио снимката со премиерот Зоран Заев и руските комичари на Фејсбук се огласи и потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски.

„Најголеми предизвици на сите безбедносно-разузнавачки служби е справувањето со неконвенционалните форми на загрозување на националната безбедност и стратешките интереси, преку употреба на алатки на специјална (информациска) војна, денес познати како хибридни закани.

Хибридните закани (комбинација на легални и нелегални дејствија со цел) ги употребуваат поединци, групи, движења, политички партии, влади и разузнавачки служби, заради остварување на нивни цели и интереси или за попречување на интересите на земјите во кои продуктите на хибридните закани се пласираат.

Актуелната снимка на т.н., “пранкери” е класичен пример на хибридна алатка. Легалноста на оваа хибридна алатка е само правото на комуникација.

Нелегалноста на оваа хибридна закана е лажното претставување, употребата на агенти провокатори зад превез на “пранкери” и прикривање на нелегалноста и злоупотребата на медиумите на т.н., пранкери зад превезот на слободата на изразување и слободата на медумите како демократска вредност.

Ширење на продуктот од хибридната алатка по пат на медиуми е по правило сензација и предизвикува интерес. Тоа е една од главните цели на хибридната закана – да се шири продуктот што претпоставува некаква штета. Крајната цел е нарушување на интересите на земјата или на трети земји.

Современите безбедносни служби имаат легитимно право овој вид на хибридни закани да ги третира, да ги превенира и да постапува доколку се случат.

Медиумите покрај обуките за борба против лажните вести имаат и право и обврска да се едуцираат многу подетално за облиците на хибридно војување. Пласирањето на лажни вести е само еден дел од информациската, специјална, хибридна војна.

Хибридниот продукт во случајот со премиерот Зоран Заев е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја. Но, факт е дека ефектот не е очекуваниот.

Од содржината се заклучува дека, премиерот и покрај наведувањето на искази и вербални провокации (техника на комуникација на агент провокатор), јасно и без двоумење ги презентира стратешките цели и интереси на нашата земја за стабилност и безбедност во регионот, важноста на дијалогот, мирното решавање на споровите и потребата од дијалог и размена на вредности и ставови помеѓу земји и лидери кои делат исти стратешки интереси.

Оваа поучна хибридна лекција ќе не направи попосветени на напорите да ги зајакнеме институционалните и процедуралните капацитети за сајбер заштита, за да ги превенираме и пресретнеме ваквите дејствија.

Секое барање на одговорност и вина од жртвите на вакви хибридни закани и продукти е посакувано продолжено дејствие на алките и целите на креаторите на хибридната закана, на кои вистината не им е целта„, пишува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се руските „пранкери“ кои го измамија Заев: Комичари или службеници на Кремљ?  

„Ова што ни се дешава у државава не е више ни смешно“: Твитер реакции за аудио снимката на Заев и руските комичари

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврдено: На Клиниката за онкологија 8 вработени позитивни на корона вирусот

Редакција

Бугарскиот клуб не може да се вика “Иван Михајлов“, одлучи владината Комисија, на потег е министерот за правда

Редакција

Алтернатива наместо денеска, утре ќе одлучува дали ќе бидат дел од Владата

Редакција