еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ФТ: Словенија притиска ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до крајот на деценијава, некои од членките вџашени од предлогот

Словенија, актуелниот претседавач на ЕУ, предложи Унијата да се прошири на целиот Западен Балкан до крајот на деценијата, а тоа го изнесе во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела, пишува Фајненшл тајмс.

Предлогот за брз прием на земјите бил даден пред неколку дена на состанокот на амбасадорите во Брисел, и наишол на вџашеност кај други земји – членки на Унијата.

Некои го опишале предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот.

„Проширувањето е многу деликатно прашање за ЕУ, која е поделена околу потребата од проширување и брзината со која треба да им се дозволи на земјите да се приклучат на блокот“, пишува весникот, додавајќи дека Унијата е под притисок да ги продолжи преговорите за проширување со балканските земји, кои се вртат и кон поблиски врски со Кина и Русија.

Според ФТ, дипломатите од земјите-членки што сакаат Брисел да ги забрза преговорите со Западен Балкан, главно од истокот и југот на ЕУ, се за „амбициозен“ наратив на самитот за приклучувањето, но признаа дека поставувањето цврст рок е политички експлозивно прашање.

Самитот ЕУ-Западен Балкан се одржува во Словенија на 6. октомври, а на него ќе учествуваат лидерите на земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не само без преговори, на крај да не ни го врати ЕУ и визниот режим

ЕУОбсервер: Доведен во прашање слободниот визен режим на Западен Балкан со ЕУ

Ројтерс: ЕУ веќе не е усогласена за гаранциите за членство на шесте земји од Западен Балкан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Немав пари за хотел, спиев во автомобил: Ален Исламовиќ во „Еден на Еден“

Редакција

Поддршка од Кипар за европската перспектива на Македонија

Редакција

Како и зошто почина од коронавирусот мажот од Куманово, кој имаше 45 години

Редакција