еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Функционерите ќе добијат цели плати, Уставен ги замрзна владините уредби за минимална плата

Уставниот суд на денешната седница донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на уредбите за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на вработените во јавниот сектор за време на вонредната состојба, за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба и за Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во соопштението од Уставниот суд се наведува дека било одлучено да биде поведенана постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020) и за Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97/2020).

Исто така се оценува уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбите чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Уставниот суд донесе одлука да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020).

Во соопштението се наведува и дека Уставниот суд одлучил да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020) и Уредбата со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбите чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Уставниот суд одлучил да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбата чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Како што се наведува во соопштението, Уставниот суд одлучил да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020) и на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020 и 97/2020).

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: Имунитет скапо го плативме со околу 16.000 починати, но барем отсега понатаму влегуваме во помирни епидемиски води

Редакција

Османи и Бектеши вината за инцидентот во М-НАВ ја префрлиле на Синдикатот, објави КОД

Редакција

Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП кај Пендаровски за „францускиот предлог“

Редакција