еМагазин
Image default
CHECK IN

„Фурна“- место каде спокојот се чувствува со првиот залак

Скопските гурмани кои преферираат да го живеат животот во целост, добро знаат дека тоа во совршената синергија на квалитетна храна и одлична атмосфера го има само во градската кафеана „Фурна“. Кога нечиј разговор ќе започне со „Фурна“ првата асоцијација е совршеното мени. Таму храната е „уметност“. Таа се подготвува по врвни стандарди и со целосно внимание.

Сигурно некој ви кажал дека секојдневието е здодевно ако на вашата агенда ја немате кафеаната „Фурна“. За дел од Скопје, овој ресторан значи нешто повеќе од живот. А зошто е тоа така? Затоа што овде може да сретнете многу млади и возрасни бизнис луѓе кои  ја избираат кафеаната „Фурна“ како место за нивните состаноци.

Договорите и неформалните колегијални средби ги има на секоја маса, а причина за вистинското уживање е сржта на „Фурна“. Мени и програма што не се пропуштаат.

Зошто „Фурна“ е местото кое има гости во секој дел од денот?

Одговор ќе ви го даде вкусното парче месо сервирано со салата и чаша квалитетно вино кое одговара на секоја пригода. Секој што ја посетил „Фурна“ знае дека поимот „храна“ овде не е само синоним за згаснување на глад, туку тоа значи совршено гастрономско уживање. Мени составено од салати, тестенини, скара и десерти кое ретко дека некој би го одбил.

Со самото влегување на врата во перфектно одредени термини ве пречекува звукот од инструментите на музичарите кои од срце ќе ви запеат нешто по ваш мерак. Месец април е исполнет со извонредна музичка програма чиј репертоар се сервира од групата „Седенка“, „Ѓезме“, „Коштана“ и „Боби Павловски“.

За спокојот не дискутираме. Самата тераса која е достапна на гостите, со сигурност значи  релаксација и зграпчување на денот без разлика дали тоа е работен ден или викенд. Местото гарантира идеална прослава на вашите најзначајни моменти во животот. А приватните состаноци со вашиот партнер или партнерка ќе ви бидат моменти за незаборавање.

Кулинарското искуство кое ќе го добиете во „Фурна“ ќе го раскажувате секого. Реперот стекнат во „Фурна“ за квалитетен начин на исхрана ќе ви биде ваш водич за цел живот.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Wine Berry нов вински бар и продавница со уникатен концепт: Може да се најдат најразновидни вина со потекло од Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд

Редакција

(Галерија) Mambo-кафулето од нашето соседство: Кафе преку ден и џин за „по една пијачка“

Редакција

(Галерија) Кои се најдобрите гостилници за 2021 година

Редакција