еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Гаќи, плажа, рекет и македонска (не)правда

Во време кога македонското судство е под скенер на Европската Унија, од која сакаме да бидеме дел, се случи мега скандалот „Рекет“, кој уште на старт се претвори во циркуска престава, која лека полека се претвара во тешка трагедија, за која штетата како и секогаш ќе ја платат граѓаните.

Ви текнува на времето кога гледавме слики од поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на плажа, додека сите очекуваа таа да биде во затвор, бидејќи од авион се гледаше дека таа и те како е инволвирана.

Колку таа во Грција се сончала, правела масажа на главата или времето си го трошела на сосема нешто друго е пак посебно тема за сериозна истрага.

На одмор во тој период беше и шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал, Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“, па општиот впечаток на јавноста беше дека дополнително се доцни со приведувањето на Јанева.

И кога Јанева пред неколку месеци конечно заврши во притвор и како кула од карти го „сруши“ Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кое се крстеа граѓаните, на сите им беше јасно дека таа нема да се седи долго таму и дека ќе заврши во домашен притвор. Оти таа е од „главните“, кои во Македонија не одат во затвор.

Тоа и се случи деновиве, баш пред почетокот на судењето за „Рекет“, па нема да биде никакво изненадување и ако истото се развлече уште на старт, како што се случи и со предметите на СЈО.

Пуштањето на Јанева во домашен притвор ја вжешти и атмосферата на релација ОЈО за гонење организиран криминал и корупција – Апелционен суд, па јавноста беше сведок на нов циркус, и имавме можност да видиме и на кој јазик комуницираат „главните“ во македонското судство и колку е тоа независно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сафет Кадрии, еден од судиите кој одлучи Јанева да оди во куќен притвор

Каков имот пријавил Јани Нича, еден од судиите кој ја пушти Јанева во домашен притвор

Апелација ја објави СМС пораката која Рускоска за Јанева ја пратила на судија

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Иванов во ОН: Единствена вистина е дека ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија

Редакција

Која е Кејт Мери Брнс, новата амбасадорка на САД во Македонија

Редакција

Кумановец почина откако со автомобил удрил во паркиран автобус

Редакција