еМагазин
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) 25 години Автомобил на годината во Македонија

Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија го прослави 25 годишниот јубилеј. Со коктел-прием беше означен почетокот на активностите на јубилејниот избор, истовремено собирајќи ги на исто место сите досегашни победници, сите импортери на автомобили во Македонија и оние што во досегашните 25 години биле дел од Националниот избор на автомобил на годината.

Се почна во декември 1995 година кога на иницијатива на доајенот на македонското автомобилско новинарство Томислав Биљарац беше формирано првото Национално жири. Традицијата се одржа, и Изборот на Автомобил на годината во Македонија останува како една од ретките манифестации кои опстојуваат во овој долг временски период.

„Токму сега во декември го одбележуваме и тој 25 годишен јубилеј. Бевме пионери на овие простори во организирање на ваков Избор, а бевме пионери и во многу други работи поврзани со автомобилската индустрија и обидот да се подигне свеста кај луѓето за поголема мобилност но и да се изгради свеста кај купувачите на домашниот пазар, за вредноста на напредните технологии, безбедносните системи и сé она што носи иднината а при тоа водејќи сметка и за вредностите на естетиката и стилот.

Имавме сесрдна помош и од домашните импортери, како и од нивните принципали, но и од медиумите и од пошироката јавност што веќе 25 години го следи изборот очекувајќи ја одлуката кој ќе ја понесе следната круна на автомобил на годината во Македонија.

Има многу имиња кои дадоа свој придонес во растењето и созревањето на жирито. Некои се тука со нас а некои не, но сите оставија своја трага во националниот избор за автомобил на годината и на сите им благодариме. Ќе ги спомнеме носителите на досегашните признанија изразувајќи им ја нашата благодарност за нивната поддршка и учество во изборите.

За овој јубилеен избор подготовките се веќе во полн ек. Во средината на јануари 2020 година ќе бидат објавени и финалистите кои ќе бидат во конкуренција за победник и добивање на наградата „стилизирана маска на ладилник“ – авторско дело на Валентин Ширилов што во сите досегашни избори го добива победник, а изработено токму за Националниот избор на Автомобил на годината во Македонија“, велат од организацијата.

На прославата беа изложени и првото доделено признание на Автомобилот на годината за 1996 година – Fiat Bravo/Brava и последниот победник за 2019 – Ford Focus.Победникот на Изборот ќе биде прогласен во средината на февруари 2020 година, а претходно ќе следуваат и финалните тестирања и традиционалните дружења на финалистите и Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието „СУВ автомобил на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија – „Томислав Биљарац“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар од Ковид-19 починаа две лица, жители се тестираат дома со брзи тестови и не се јавуваат во болница

Редакција

Пропадна и новиот тендер на „ЕВН Хоум“, ЕСМ повторно не достави понуда

Редакција

И привремениот бугарски премиер Јанев го потврди новото вето од Бугарија

Редакција