еМагазин
Image default
Бизнис

(Галерија) Адемоска: Отворањето на „Хилтон“ беше предизвик, исполнивме највисоки светски стандарди во хотелиерството

Со отворањето на хотелот „DoubleTree by Hilton Skopje” ја додадовме Македонија на мапата на над 100 земји кои може да се пофалат со хотели под најреномираниот хотелски бренд во светот, изјави Даниела Адемоска, директорка и сопственичка на хотелот, на отворањето на Roof Bar 55, кој се наоѓа на покривот на хотелот.

Таа вели дека навистина било предизвик да се влезе во оваа приказна, бидејќи мора да се исполнат највисоките светски стандарди во хотелиерството за да се биде дел од успешната приказна на „Хилтон“.

„Но, сега кога го гледам хотелот пред себе можам да кажам дека задоволството е огромно, бидејќи изградивме хотел кој ги поставува стандардите во хотелскиот бизнис не само во Македонија, туку и во поширокиот регион„, додава Адемоска.

Таа смета дека со доаѓањето на овој бренд, ќе се подигне нивото на хотелската етика и на хотелски вредности не само во Македонија, туку и во поширокиот регион.

„Многу важно е тоа што Македонија на овој начин покажува дека со доаѓање на ваков бренд, бизнис-климата е стабилна и даваме поттик и на другите компании да инвестираат во нашата држава. Беше предизвик да направиме еден тим кој ќе бидат обучени по стандардите на „Хилтон“, а со тоа се дава голем придонес во комплетното хотелиерство во Македонија.

Ние успевме да креираме тим од Македонија и овозможивме да останат во ова време на одлив на млади луѓе, што сметам дека е важен сегмент за нашата држава, но успеавме да донесеме 30 наши луѓе кои работеле надвор во „Хилтон“ да си ја продолжат кариерата во Македонија“, објаснува Адемоска.

Собите и ентериерот се изградени по точна спецификација на брендот „Хилтон“, која е најважна ставка за да се влезе во ланецот. Членовите на ројалити програмата на „Хилтон“, ќе ја добијат истата услуга во Скопје, како и насекаде во „Хилтон“ хотелите во светот.

Реномираниот хотел располага со 170 соби, меѓу кои има 15 луксузни апартмани, од кои еден е претседателски и се простира на 200 метри квадратни.

На гостите и на посетителите на располагање им се луксузен спа и фитнес центар на површина од 1.400 метри квадратни во чиј склоп се наоѓаат затворен базен, традиционална турска бања, сауна, џакузи, како и најмодерна Life Fitness опрема за вежбање прилагодена на најновите трендови во светот на фитнесот.

За деловни настани и конференции „Хилтон“ нуди 6 конференциски сали опремени со најквалитетна опрема според светските стандарди, како и елегантна сала за свечености Diamond Ballroom подготвена да прими над 600 гости.

Адемоска додава дека хотелот ќе овозможи други концепти за нашето локално население за бизнис-секторот. Задоволна е од работата и интересот за престој во хотелот.

„Веќе сме букирани со настани од бизнис-компании, државни институции, амбасади, па до јуни сме букирани, што за нас претставува огромно задоволство“, додава Адемоска.

Целиот хотел се простира на површина од 25.000 метри квадратни, со затворен паркинг кој може да прими 150 возила и со дополнителен отворен паркинг наменет за 200 возила. Изграден е од најквалитетни еколошки и енергетски најефикасни материјали, а целата инвестиција во овој хотел изнесува 50 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како изгледа претседателскиот апартман во „Хилтон“

(Галерија) Отворен барот на покривот на „Хилтон“: Панорамски поглед од кој Скопје изгледа преубаво

(Фото) Колку чини една ноќ во првиот хотел на Хилтон во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УНИ Банка оствари добивка од 268 милиони денари

Редакција

„Окта“ со загуба од 4,7 милиони евра за три месеци

Редакција

ЈП Комунална хигиена Скопје склучи договор со „Метал ват“ вреден 819,2 илјади евра

Редакција