еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Американскиот амбасадор Бејли и рускиот Баздникин заедно на прослава на компанијата ЕY

ЕY Македонија, дел од глобалната компанија за професионални услуги ЕY, одбележа 20 успешни години на македонскиот пазар, со гала вечер.

Прославата се одржа во просториите на Македонскиот народен театар, а на истата беа присутни околу 200 гости, меѓу кои и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин, министерската за труд и социјална политика, Мила Царовска…

Кулминација на настанот беше мотивацискиот говор одржан од страна на Менди Хиксон, поранешен пилот на кралските воздухопловни сили на Велика Британија.

20 години EY во Македонија

Започнувајќи пред 20 години со само неколку вработени, денес EY Македонија е горда на своите 40 вработени лица и на стабилната позиција која ја ужива на македонскиот пазар.

EY Македонија е дел од EY CESA (регионот на Централна и Југо-источна Европа и Централна Азија) и веќе пет години дел од деловната практика која ги опфаќа следните држави: Бугарија, Македонија, Албанија и Косово.

“Во последните 20 години не пораснавме само во бројки, многу поважно, пораснавме со искуство, стручност, самодоверба и обем на работа. Денес EY продолжува да се развива – обезбедувајќи корисни совети на приватни лица, претприемачки бизниси, големи јавни претпријатија и големи мултинационални компании.

Ние се стремиме кон поддршка на претприемништвото – помагајќи им на компаниите да најдат клучни сојузи, партнерства, ресурси и решенија за да растат на меѓународните пазари. Преку ревизии и совети за квалитет што ги нудиме на бизнисот, се трудиме да изградиме доверба во финансиските пазари на земјата и исто така да им дадеме доверба на инвеститорите за поддршка на економскиот раст„, изјави Николај Гарнев, одговорен партнер за EY во Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.

Во пресрет на својата 20 годишнина, EY Македонија подготви специјален подарок за своите клиенти, партнери и пријатели- емотивна вечер со ценетата гостинка Менди Хиксон, поранешен пилот на британските воздухопловни сили.

Oткривајќи ја рано својата љубов кон летањето, Менди морала силно да се бори за исполнување на својата амбиција, да стане пилот на кралското воздухопловство. Таа беше втората жена која управуваше Торнадо ГР4 во првата линија на фронтот, исполнувајќи три тури на должност и 45 мисии над Ирак.

Во својот говор таа раскажа за достигнувањата и предизвиците во нејзината кариера, а исто така и за важноста на целтта и поттикот, како и вредноста на тимот, на кој можеме да сметаме – сите овие се еднакво значајни за секоја компанија која се стреми кон успех.

Пред четири години компанијата го промени својот назив од Ернст и Јанг (Ernst & Young) во EY.

Која е EY?

EY е глобален лидер за ревизија, даночно усогласување и советодавни услуги.

„Нашите искуства и квалитетот на услугите кои ги испорачуваме, придонесува кон градење на доверба во пазарите на капитал и во економиите во светот. Ние развиваме извонредни лидери обучени да ги исполнат нашите ветувања кон сите наши заинтересирани страни. Притоа, играме клучна улога во градењето на подобар работен свет за нашиот народ, за нашите клиенти и за нашите заедници“, велат од компанијата.

EY се однесува на глобалната организација и може да се однесува на една или повеќе фирми членки на Ernst & Young Global Limited, од кои секоја е посебно правно лице. Ернст & Јанг Глобал Лимитед, компанија во Обединетото Кралство е ограничена со гаранција и не обезбедува услуги за клиенти.

За повеќе информации посетете ја веб страна ey.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Катастрoфални поплави во Германија: 30 лица исчезнаа, десетици куќи пред рушење

Редакција

20 години не малтретираше: Семејството на битолчанецот кој го уби поранешниот зет, побара негово ослободување од притвор

Редакција

(Видео+фото) Во Кавадарци почна да се гради повеќенаменскиот комплекс „Мала Америка„

Редакција