еМагазин
Image default
Убава приказна

(Галерија) Јавна соба слави три години: Местото кое внесе нова култура на излегувањето во градот

Јавна соба слави три години од постоењето, а по тој повод во сабота на 27 октомври со почеток во 21 часот ги отвораме вратите на трите ката, со цел секој да ја пронајде приказната за себе, велат од таму.

„Јавна соба е местото кое ги собира сите генерации, млади, стари. За некои од нив ова е местото кое се ушушкуваат како дома. Релаксирано, креативно ќоше кое го препознаваат дури и оние кои за прв пат стапнуваат на тлото на Скопје.

Велат, Public Room, или Соба по нашки, е како стара железничка, поминуваат и се враќаат урбаните ликови, ликовите со карактер и сенс да препознаат добра изложба, одличен музички настан, да вкусат одлична храна, да ја  почувствуваат магијата на Скопје.

Соба те остава без здив, стана совршен “match” кога станува збор за настани од областа на културата, дизајнот, создавањето и поттикнувањето.

Носител и креатор е на Skopje Design Week единствениот настан кој ги донесе светски познатите дизајнери, инсталации, поставки, прототипи и стана поим за иновативност, дизајн експресија со карактер, но Соба исто така е дом на врвни музичари, актери, поети и кулинари.

По повод тројката за Јавна соба, подаруваме одлична музичка програма од урбани музички ликови кои со своите музички парчиња ги поттикнуваат естетските сетила на три ката. DJ Emi Ermilova (приземје), DJ set Angel Anx (приземје), посебно интерактивно катче со инсталации за опуштање (1 кат), концерт на Георги Шаревски и “The Instincts” (поткровје) како и завршница со DJ set Jan KoNen (поткровје).

Влезот за настаните е слободен за сите кои ќе дојдат да ни честитаат роденден“, велат од Јавна соба.

Повеќе инфо на publicroom.org и www.facebook.com/publicroomskopje.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Концерт на Ѓорѓи Шарески и „The Instincts“ на 27. октомври во Јавна Соба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МИА прослави 20 години од постоењето

Редакција

Елзесер: Во Маврово се чувствувам како дома, овде има еден сосема друг Јохан

Силвана Жежова

(ФОТО) Прв пазар за органски производи во Јавна соба: Три саботи по ред, непрскани плодови, дегустации и музика

Редакција