еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Галерија) Братче и сестричка од кумановско Степанце живеат во услови полоши од штала

Братче и сестричка од кумановското село Степанце живеат во услови кои се полоши од условите за живот на животни во штала.

Машкото дете е шесто одделение, а девојчето деветто и живеат со нивниот 70-годишен татко, а мајка им е одамна почината.

„Оставени се сами на себе, немаат храна, облека, прибор за на училиште, огрев, пристоен дом за живеење. Немаат никаква помош од никаква институција ниту пак некое лице !

Имаат потреба од нашата помош. Следува државен празник, 8 септември, јас со неколку пријатели ќе одам кај нив, како и до сега кога можевме го правевме тоа многу пати… Пишете јавете ми се со цел да покажеме дека сме свесно и совесно општество, општество еднакво за сите“, напиша Жарко Василевски на неговиот фејсбук-профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) „Рекет“ објави нова „бомба“ со Мицкоски и Кичеец, Мијалков плаќал за автобуси за митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Денеска почнува „Велешка питијада 2022“: Кои се цените и кој се ќе настапи

Редакција

Казна од САД: Нема учество за Косово во воената вежба „Дефендер“

Редакција